Почетна / Телевизија / Вечерва е церемонијата The Primetime Emmy Awards

Вечерва е церемонијата The Primetime Emmy Awards

 

За сите љубители на телевизиските серии вечерва е вистински празник, бидејки по јубилеен 65-ти пат ќе бидат одржани The Primetime Emmy Awards, чиј домаќин ќе биде Нил Патрик Харис. Дали ќе добиеме церемонија каде што се ќе се врти околу хомосексуалноста бидејки домаќинот е геј a ваквите манифестации се најчесто единствен излез од плакарот за таквите луѓе, или ќе добиеме вистинско Тв шоу, останува да видиме. До тогаш наше е да ги издвоиме нашите фаворите, за кои сметаме (субјективно или не) дека и те како заслужуваат да ја добијат златната статуетка во рацете.

 

 

За најдобра главна актерка во драмска серија сосема заслужено би било да ја повтори Клер Денс за инзворедната донесеност на Кери Матисон во серијата Homeland, додека пак главната награда за актер би требало да заврши во рацете кај талентираниот Кевин Спејси за улогата во кабелската серија House of Cards.

 

Mеги Смит и Менди Патинкин се нашите фаворите за споредни улоги во сериите Downton Abbey и Homeland.

За серија со најдобро сценарио би ја издвоиле Homeland а за најдобра режија House of Cards.

За најдобра драмска серија, без конкуренција по втор пат треба да земе Hoemland.

 

Ејми Поелер како маркантната Лесли во Parks&Recreation и Џејсон Батеман за Arrested Development се фаворити за добивање на златна статуа во категоријата најдобри актери во хумуристична серија, додека пак Parks&Recreation е хумуристична серија која има најголеми шанси да триумфира во својата катгорија.

Потсетување дека фановите на ТВ сериите ќе можат да го следат шоуто во живо на HBO каналот на Max Tv или пак на стрим на следнава официјалната страна на  CBS.

 

 

 

 

Бергер | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …