Почетна / МК Сцена / Видео | Даниел Данн ја преработи познатата песна од Владо Јаневски

Видео | Даниел Данн ја преработи познатата песна од Владо Јаневски

Македонскиот пејач Даниел Данн направи препев на македонскиот евергрин на Владо Јаневски – “Чаирска романтика”. Ова е петто кавер издание на Данн, кој заедно со својот бенд под темата #Quarantine&Chill до сега ги преработија: „Не сум твој тип (Дупер), „Сонце во твоите руси коси” (Тоше Проески), „Јако, Јако” (Лозано) и „Ангел си ти” (Тоше Проески), која беше специјално наменета за денот на медицинските сестри.

Во бендот членуваат: Даниел Данн (вокал), Александар Кипровски (гитари), Миле Наумовски (клавијатури), Дарко Јовановски (ударни инструменти), Лазар Соколов (дувачки инструменти), Александар Спасенцовски (хармоника) и Васил Ангелов (бас).

Музичката продукција за “Чаирска романтика” ја изработи Дарко Јовановски, а видео продукцијата е на Даниел Данн.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

error: Содржината е заштитена!