Почетна / МК Сцена / Видео | Хозе Карерас со македонските ѕвезди ја отпеа „Едно име имаме“

Видео | Хозе Карерас со македонските ѕвезди ја отпеа „Едно име имаме“

„Силно светнал ден“ преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, заедно со македонските музички ѕвезди и Македонската филхармонија,  на плоштадот „Македонија “ во Скопје приредија незаборавна концертна вечер како дел на прославата за јубилејот – 35 години независност.

Карерас и македонските музички ѕвезди ја запеаја „Едно име имаме“, што беше проследено со овации од многубројната публика. Покрај шпанскиот тенор, кој беше главна ѕвезда на вечерта, настапија и македонските музичари Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска, Миле Кузмановски.

Прославата по повод 35 години независност на Македонија ќе финишира на Денот на независноста, на 8 септември со настапот на светски понзатиот диџеј и продуцент на хаус музика, Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“. Гета ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“, најголемо шоу во Европа, па и во светски рамки од музички и од продукциски аспект.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Химна на секој родител: Нова балада на Стефан Величковски

Химна на секој родител! Зборови кои секој се вртат во главата на секој родител од …

error: Содржината е заштитена!