Почетна / Филм / Погледнете ја филмската понуда на Телма (13 јуни – 19 јуни 2020)

Погледнете ја филмската понуда на Телма (13 јуни – 19 јуни 2020)

сабота (13 јуни 2020), 19.15 часот – Return to Montauk (2017)

Една врска немаше шанса да трае подолго од еден викенд, а Макс и Ребека беа премногу млади за да сфатат дека ја сретнале љубовта на својот живот. Макс се враќа во Монток но се враќа и неговото минато. Германска драма на Волкер Шлондорф.

сабота (13 јуни 2020), 22.15 часот – The death of Stalin (2017)
Нацијата е во страв од водачот кој ненадејно умира. Започнува битката за лидерство. Заменикот, политичарот, синот или шпионот? Кој ќе го наследи столчето на Сталин?

Приказната на оваа биографска драма, номинирана за две награди „Бафта“, се одвива во последните денови на советскиот диктатор и го открива хаосот кој настанува во режимот по неговата смрт.

недела (14 јуни 2020), 19.15 часот – “Sherlock” The Six Thatchers (2017)

Зошто некој ги уништува бистите на Маргарет Тачер? Дали има лудак на слобода или причините се многу помрачни, сторителот поопасен а корените многу длабоки?

Бенедикт Камбербач, Мартин Фримен во второто продолжение од четвртата сезона.

недела (14 јуни 2020), 22.15 часот – Felony (2013)

Австралиски трилер, промовиран на фестивалот во Торонто во 2013-та година. Несреќа во која е инволвирано дете, предизвикува низа настани кои доведуваат до хаос во австралиската полиција и општеството.

понеделник (15 јуни 2020), 23.15 часот – Journal 64 (2018)

Двајца градежни работници доаѓаат до шокантно откритие, три мртви тела, но и едно празно столче за кое не се знае кому му било наменето?

Сите траги водат до една институција и серија мистериозни настани во оваа данска крими драма на Кристофер Бо.

вторник (16 јуни 2020), 23.15 часот – Mary Shelly (2017)

Нејзината најголема љубов беше инспирација за нејзината најмрачна креација. Откријте ја вистинската приказна на жената која го напиша романот „Франкенштајн“. Храбра, контроверзна, талентирана, таа е Мери Шели, хероината на историската романтична драма снимена во американска, европска и австралиска копродукција.

среда (17 јуни 2020), 23.15 часот – Get hard (2015)

Кога милионерот Џејмс Кинг е обвинет за измама и поврзан за Сан Квентин, тој се обраќа на Дарнел Луис да го подготви за живот позади решетки. Џејмс незнаењето може скапо да го чини, и уште поскапо доколку го учи некој кој не знае ништо.

За да стане вистински маж, деновите се броени во комедијата “Биди маж”.

четврток (18 јуни 2020), 23.15 часот – All I wish (2017)

Сена веќе не верува дека ќе најде сродна душа, совршена кариера и среден живот. Во нејзиниот живот ништо не е под контрола, се до роденденската забава и познанството со Адам… Романтична комедија со Шерон Стоун, Тони Голдви и Елен Бурстин.

петок (19 јуни 2020), 22.15 часот – The city of your final destination (2009)

Постдипломецот Омар ќе добие шанса за којашто отсекогаш сонувал. За да ја напише биографијата, мора да се сретне со тројцата најблиски на писателот за кој пишува.Омар Метволи, Ентони Хопкинс, Шарлот Гејнсбург во драма, базирана на истоимената новела.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шарлиз Терон е „Атомската русокоса” во неделниот трилер на Телма

“Atomic blonde” со Шарлиз Терон, Џејмс Мекавој, Џон Гудман во главните улоги. Таен агент на …

error: Содржината е заштитена!