Почетна / Сапуници / Фото | Ѕвездите од „Полна месечина“ заедно во нова комедија

Фото | Ѕвездите од „Полна месечина“ заедно во нова комедија

Џан Јаман и Озге Ѓурел, познати како Ферит и Назли од викенд драмата на Сител – “Полна месечина”, влегуваат во нов заеднички проект.

Се работи за нова романтична комедија, во која двајцата актери ќе бидат повторно главниот актерски пар.

Фановите на Џан и Озге наголемо се подготвуваат за следење и на оваа нивна серија, во која двајца соседи се вљубуваат еден во друг, по што следат низа слатки и хумористични авантури.

Џан Јаман е инаку еден од најпопуларните турски актери, кој ги “запали” девојките низ целиот свет со својот совршен изглед и атлетска градба.

Иако неговите снимања ги прати контроверзност и скандали поврзани токму со самиот него, сепак турските продуценти “паѓаат” на неговиот шарм и притисокот од фановите, па затоа и го ангажираат во комедии.

ТВ Пакет ексклузивно открива дека оваа година, освен “Полна месечина”, на малите екрани, гледачките во Македонија ќе имаат шанса да следат и уште една негова серија.

Богат, згоден и неопходен – овој актер е токму сонот на милиони девојки во светот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на „Азра“ и „Фазилет“ во нова играна серија на Сител

Секој сака да сака, и војник и морнар, и сиромав и богат. Тоа не се …

error: Содржината е заштитена!