Почетна / Телевизија / Телеком ја направи „MaxTV“ подобра од било кога!

Телеком ја направи „MaxTV“ подобра од било кога!

 

Македонски Телеком деновиве кај поголем дел од корисниците на IPTV платформата ја инсталираше најновата надоградена верзија на софтверот со што ја направи „MaxTV“ подобра од било кога!

 

 

Вредната екипа на најдобрата дигитална телевизија долго време работела на новата надоградба на софтверот која од почеток ја менува приказната за „MaxTV“. ТВ Пакет ви издвојува ТОП 3 најдобри промени во новиот софтвер:

1. Отсега можете да паузирате и премотувате во живо на вториот приемник.
2. Можност за избор на автоматски превод.
3. Подобрен и побрз кориснички интерфејс

Корисниците кои досега користеа втор и трет дополнителен медиа приемник, немаа можност на нив да паузираат и премотуваат во живо, но со новиот софтвер сето тоа е минато. Визуелниот кориснични интерфејс е подобрен, па сега корисниците можат да менуваат канали и да листаат низ менито многу побрзо.

За крај ја оставивме најбараната опција, односно автоматски превод, тоа е опција која ви овозможува еднаш да изберете дигитален превод и истиот да го гледате постојано кога е достапен, без притоа рачно да го избирате. Дигиталниот автоматски превод можете да го наместите со влез во менито, потоа во Подесувања, Телевизија во делот „Преводи“.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …