Почетна / Живот / Тематски форум „Од отворена општина до активна заедница“

Тематски форум „Од отворена општина до активна заедница“

Резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа за 2026 година ќе бидат промовирани на тематскиот форум „Од отворена општина до активна заедница: Индексот на отвореност 2026 и граѓанското учество на локално ниво“, кој Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21 ќе го организираат на 25 септември 2026 година, со почеток во 10:30 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.

На форумот ќе бидат претставени клучните трендови и промени во отвореноста на општините, областите во кои е постигнат напредок и предизвиците што остануваат. Посебен фокус ќе биде ставен на искуствата од менторската поддршка на 10 општини, практичните механизми за унапредување на транспарентноста и отчетноста, како и на улогата на дигиталните алатки и платформата мЗаедница во унапредувањето на граѓанското учество и комуникацијата со локалната самоуправа.
Форумот ќе понуди простор за размена на искуства меѓу локалната самоуправа, граѓанските организации и другите релевантни чинители за состојбата со отвореноста на локално ниво и можностите за нејзино понатамошно унапредување.
Настанот е овозможен со поддршка на Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас во рамките на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ и ќе се одвива на македонски јазик. Посебни покани за учество ќе бидат испратени дополнително.

Информации за проектот
Проектот „Дигитална трансформација на локално ниво (ДИГИЛОК) – Вклучена заедница за отпорност на корупција” e проект на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје што се спроведува во партнерство со „Рурална коалиција“ од Кичево и Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“ од Скопје. Проектот финансиски е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Проектот поддржува активното вклучување на заедницата во градење на силна отпорност кон корупцијата на локално ниво. Кога заедницата проактивно ги следи и бара одговорност од локалните власти, создава силен екосистем кој ја намалува корупцијата. Така се негува култура на транспарентност и одговорност, што го спречува напредокот на коруптивните практики и придонесува кон поправедно локално управување.

Дани  | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана книга за деца и претстава „Златната книга на Лудви“

Во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“ беше промовирана книгата „Златната книга …

error: Содржината е заштитена!