Почетна / Телевизија / ТВ Времеплов / ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на одамна емитуваната „Љовисна“

ТВ Времеплов | Ве потсетуваме на одамна емитуваната „Љовисна“

“Љовисна” е една од најпопуларните венецуелски теленовели со Скарлет Ортиз во улогата на легендарната Љовисна, храбра девојка која ќе помине низ многу препреки поставени од нејзиниот татко-мафијаш. Серијата е снимена од продукцијата што ја создаде “Касандра”, а кај нас се прикажуваше на локалните телевизии меѓу првите теленовели во Македонија.

За потсетување на оние што ја следеа, ова е приказна за Љовисна, прекрасна девојка која расте со Маруанта Санчез, бивша проститутка и пријателка на дедото на Љовисна, Каруачи дел Рио. Каруачи, моќник и сопственик на фабрика за железо, ја дал Љовисна како бебе на Маруанта да ја чува со цел да ја заштити од нејзиниот злобен татко Пио, кој сакал син, а не ќерка како наследник.

Така Љовисна расте во сиромашен пансион со нејзината драга Mаруанта која ја смета за мајка, но расте и покрај доста пријатели во пансионот кои цело време ќе ѝ помагаат. На смртната постела, дон Каруачи ѝ кажува на Љовисна дека дон Пио пред многу години му го одзел бизнисот со челик, го наместил да го затворат и ја убил нејзината вистинска мајка.

И пред да умре, Каруачи ја моли својата внука да го поврати делот кој ѝ припаѓа, а кој пред многу години ѝ е одземен од злобниот Пио. Љовисна решава да го исполни ветувањето дадено кон својот дедо и да му се одмазди на Пио Ерес за сите злодела. За да влезе во фабриката, Љовисна ќе се маскира во маж. Таму ќе се вљуби во Ориноко Фуего, убав, згоден и бунтовен работник.

Љовисна ќе помине многу препреки, неволји, авантури и страдања за да на крајот ја оствари својата љубов со Ориноко и да ги докаже сите злодела на дон Пио. Таа ќе си го поврати наследството од дедото и сето она што ѝ припаѓа, но на самиот крај ќе дознае дека дон Пио е нејзиниот вистински татко и дека цело време се борела против сопствената крв.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Времеплов | Се сеќавате ли на серијата за „Неш Бриџис“?

Се сеќавате ли на “Неш Бриџис”? Се работи за една од најпопуларните полициски серии емитувани …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!