Почетна / Телевизија / ТВ Времеплов / ТВ Времеплов | Се сеќавате ли на серијата за „Неш Бриџис“?

ТВ Времеплов | Се сеќавате ли на серијата за „Неш Бриџис“?

Се сеќавате ли на “Неш Бриџис”? Се работи за една од најпопуларните полициски серии емитувани на А1 телевизија во прајмтајм од 21 часот. Гледачите на Македонија ја следеа пред околу дваесетина година.

Неш Бриџис е полициски инспектор во Сан Франциско кој ја води специјалната единица за истраги при полицискиот оддел. Зад себе има два брака, а од првиот ја има проблематичната ќерка Кесиди. Препознатлив е и по жолтиот ‘баракуди’ ретро кабриолет, кој му е оставен како наследство од неговиот брат Боби.

Негов најдобар пријател и партнер во работата е Џо, љубезен Американец со мексиканско потекло кој секогаш се обидува да заработи и нешто “на страна”, покрај полициската работа која ја работи одлично.Неш заедно со неговиот тим секојдневно се соочуваат со опасни и адреналински акции кои мора добро да ги завршат во име на правдата и борбата со криминалот низ улиците на Сан Франциско.

Улоги : Дон Џонсон (Неш), Чех Марин (Џо), Џејмс Гејмон (Ник), Џоди Лин О’Киф (Кесиди), Џеф Пери (Харви)​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

The Shoe People – враќање во минатото

  “The Shoe People” е анимирана телевизиска серија чија премиера се случи во април, 1987-та …