Почетна / Филм / ТВ 24 слуша и прифаќа критики – aжурирана и филмската понуда

ТВ 24 слуша и прифаќа критики – aжурирана и филмската понуда

Како што критикуваме, така и фалиме. Веќе го изјавивме тоа во претходната статија за ТВ 24, но кога се работи за наши добронамерни критики прифатени од телевизиите, уште еднаш ќе изјавиме и уште еднаш ќе пофалиме.

ТВ 24 излезе пример за телевизија која прифаќа критики и се подобрува, а сето тоа во пресрет на барањата на гледачите за подобар прием и следење на балканските и светски трендови.

Па така, ако пред само два дена објавиме дека филмската понуда не се ажурира година ипол на веб сајтот на телевизијата, веќе од денес ТВ 24 успешно го демантира тоа и ги поставува содржините и информациите за сите филмови што ги емитуваат тековната седмица.

Па филмомани, повелете. Има што да се прочита, а богами и погледне на ТВ 24 од вторник до петок во 22.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој ден филм во програмската шема на Алфа и оваа ТВ сезона

Телевизија Алфа и во новата сезона продолжува со секојдневната филмска програма. Од понеделник до петок, …

error: Содржината е заштитена!