Почетна / Серии / Познатата српска серија „Државни службеник“ на Телма во 20:15 часот

Познатата српска серија „Државни службеник“ на Телма во 20:15 часот

Од вторник, 22 ноември 2022 година на Телма во прајмтајм започнува популарната српска крими серија “Државен службеник”, чии творци се Предраг Гага Антонијевиќ и Димитрије Војнов.

“Државниот службеник” нѐ воведува во професионалните и приватни животи на агентите кои дале завет за молчење за случувањата во професијата. Нивното секојдневие е соочуваање со постојаните закани околу безбедноста на земјата.

Приказната се случува во денешно време. Агентот Лазар, секојдневно мора да ја одржува рамнотежата помеѓу семејниот и приватниот живот.

Во една екстремна опасна ситуација, Лазар сфаќа дека нема од никого поддршка, и тој ќе мора да понесе голем терет и да работи против правилата на службата за да ги спаси своите сограѓани, но и себе и неговото семејство.

Серија што ги следи животите на главните јунаци притиснати од бремето на огромната одговорност што ги носи нивната служба.

Во ова приказна полна со пресврти и сензационални акции, носители на главните улоги се Милан Мариќ, Жарко Лаушевиќ, Нина Нешковиќ и Небојша Дугалиќ.

Иако се заснова на измислени настани и ликови, серијата е посветена на сите оние кои ги положиле своите животи за да ја зачуваат безбедноста на земјата, чија жртва никогаш нема да се дознае бидејќи се заколнале на тајност, без можност да добијат споменик или статус на народен херој иако тоа го заслужиле.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

error: Содржината е заштитена!