Почетна / Телевизија / Турските серии и реалните шоуа се најгледани и во Бугарија

Турските серии и реалните шоуа се најгледани и во Бугарија

Турските надсинхронизирани серии се најгледана телевизиска содржина за 2018-та година и во соседна Бугарија. Официјалните бројки на гледаност мерени од Nielsen говорат дека најгледана програма за минатата година е турската серија “Не се откажувам”, кај нас емитувана пред неколку години на една национална телевизија. Серијата имала просечен рејтинг од 18% и удел од 44,9%. На второто место се наоѓа музичкото шоу “The Voice” кое имаше своја верзија во Бугарија, а по него следат и турската серија “Cezur ve guzel”, реалното шоу “Фарма”, домашните серии “Бригада” и “Соседи и пријатели”.

Во топ 10 програми кои ги следеле Бугарите минатата година се и централните вести, како и реалното шоу “Менувам жена” и кулинарското шоу “Masterchef”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со анализа за реформата на регулаторните тела во држававата

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведе анализа на состојбата во поглед на …

error: Содржината е заштитена!