Почетна / Филм / Најголемиот светски настан „Оскари“ од оваа година на Телма

Најголемиот светски настан „Оскари“ од оваа година на Телма

Преносот од 91-то доделување на филмските награди Оскар ќе се емитува в недела, 24-ти февруари на ТВ Телма, која ги откупи ексклузивните ТВ права во соработка со агенцијата Миракс. Информацијата вчера ја соопшти тимот на телевизија Телма која за прв пат оваа година ќе ги емитува Оскарите, кои досега беа дел од преносите на Сител.
Најгламурозната церемонија на доделување награди во светот ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, каде ќе се најдат најголемите ѕвезди во филмската индустрија, а настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот. Членовите на Американската Академија на филмски уметности и науки ќе ги наградат најдобрите филмови во 2018-та.

Февруари ќе биде месец на Оскарите на Телма. Секоја недела почнувајќи од 3-ти февруари, во 20 часот ќе се емитува циклус емисии „Патот на Оскарите“ кои ги подготвува Миланка Рашиќ, за највпечатливите моменти од историјата на Оскарите, наградуваните режисери и актери, незаборавна филмска музика, модата на црвената патека. По емисијата, секоја недела ќе следиме филм награден со Оскар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!