Почетна / Телевизија / Телма стана членка на глобалната асоцијација на приватни радиодифузери

Телма стана членка на глобалната асоцијација на приватни радиодифузери

Денеска во Луксембург заврши 30-то Генерално Собрание на ENEX (European News Exchange), водечката светска асоцијација на приватни радиодифузери во која телевизија Телма беше поканета да стане партнер.

ENEX е прилично селективен при приемот на нови членки, што претставува големо признание за работата, посветеноста и професионализмот на сите вработени во Телма, особено од информативната редакција и снимателите.

Личниот придонес на секој еден од вработените во телевизијата ѝ донесе чест да стане партнер во една глобална организација, во која членуваат медиумски гиганти како RTL, CBS и SKY News.

Телевизиите членки на ENEX ја споделуваат својата содржина на вести и ресурси за производство на вести со цел да стекнат конкурентни предности при презентирањето на вестите.

ENEX започна како платформа за техничка услуга и во последниве години се трансформираше во давател на вести што собира дневни видео-приказни од своите членови.

Телевизии од регионот кои се дел од оваа асоцијација се РТЛ (Хрватска), ПОП ТВ (Словенија), Ν1 (Србија, Босна и Херцеговина), bTV (Бугарија) и Антена (Грција).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Алфа телевизија прослави 16 години постоење во етер

Алфа ТВ е приватна национална телевизија, која започна да емитува програма на македонски јазик на …

error: Содржината е заштитена!