Почетна / Серии / Што нѐ очекува во петтата сезона на „Реј Донован“ на ТВ 24?

Што нѐ очекува во петтата сезона на „Реј Донован“ на ТВ 24?

Во светот на богатите и славните, Реј Донован ја извршува валканата работа за најмоќните луѓе во Лос Анџелес. Во драмата која продолжува на ТВ 24, Лив Шрибер игра тип којшто ги решава проблемите на некои славни личности, спортски ѕвезди и големи бизнисмени во градот. Дејството во оваа драма се развива кога неговиот татко, кого го игра добитникот на „Оскар“, Џон Војт, неочекувано беше пуштен од затвор, што предизвика синџир од настани кои до темел го потресоа семејството Донован.

Во петата сезона, го следиме животот на Реј по смртта на Аби. Ќе може ли да се преболи саканата и да се продолжи понатаму? Тој сака контрола, но во бизнисот со кој се занимава, контрола нема никој и над никого.

Сузан Сарандон е ѕвездата која ќе стане засилување во новата, петта сезона од крими драмата “Реј Донован”, од 2 јануари на ТВ 24 во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!