Почетна / Забава / Евровизија / Хрватска – фаворит за победа, Холандија – исфрлена од финалето

Хрватска – фаворит за победа, Холандија – исфрлена од финалето

Хрватска и Baby Lasagna се главни фаворити на денешното големо финале на Евровизија 2024 во Малме, Шведска. По него, како фаворити следуваат Израел и Швајцарија, како и Франција и Италија. Годинава се смета дека победата може да биде тесна, но сепак на Хрватска обложувалниците ѝ даваат 44% за победа.

Денеска ЕБУ, организаторот на фестивалот ја исфрли Холандија и нивниот претставник од големото финале. Причината е инцидент со женски член од екипата на ЕБУ која го пријавила инцидентот на шведската полиција. Инцидентот кој бил и физичка пресметка се случил по второто полуфинале во четвртокот.

ЕБУ информира и дека инцидентот не е поврзан со ниедна земја учесничка и со тоа ги сопре озборувањата дека е поврзан со член од делегацијата на Израел. Гласовите на холандското жири и на публиката вечерва сепак ќе бидат претставени.

Бидејќи Македонија и МРТ втора година по ред не учествуваат на фестивалот, нам нѝ останува да навиваме за нашите фаворити пред сѐ за Baby Lasagna (Хрватска), маестралната Теја Дора (Србија), како и за девојката од Словенија.

Гледаме Евросонг и навиваме за нашите фаворити. Вечерва во ексклузивното финале на големиот музички спектакл.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија надвор од Европа – нема да учествува на Евровизија 2025

Според објавената Предлог програма на МРТ за 2025, на Првиот програмски сервис, можеме да заклучиме …

error: Содржината е заштитена!