Почетна / Серии / Германската воена драма „Unsere Mütter, unsere Väter“ повторно на Телма

Германската воена драма „Unsere Mütter, unsere Väter“ повторно на Телма

Воена приказна за бесот, бруталноста, загубата и секако војната како најголемата глупост било кога и каде било. Нашите мајки, нашите татковци во режија на Филип Хаделбах по сценариото на Стефан Колдиц репризно на Телма во вторник (18.10.2022), среда (19.10.2022) и четврток (20.10.2022) во 22.15 часот.

Војната на генерациите е серија која во Германија предизвика многу контроверзи и јавни дебати, и веднаш привлече најмалку 7 милиони гледачи.


Во Берлин летото 1941 година, петорица пријатели се простуваат меѓу себе и секој оди по својот пат со желба да се сретнат повторно за Божик. На источниот фронт одат двајцата браќа, Вилхем кој е убеден во победата, и Фридхелм уметникот.

Шарлот, горда дека ќе ѝ служи на татковината, доаѓа со нив како медицинска сестра во воената болница, Грета која ја планира својата кариера како поп ѕвезда и нејзиниот пријател Виктор, Евреин чија судбина станува извесна или депортација или приклучување во партизанскиот отпор.

Оваа млади луѓе, се чувствуваат живо, енергично и бесмртно, но војната ќе ги принуди да не се видат на Божик 1941 година, туку дури во мај 1945… и нема сите да бидат таму.

Приказна за петте пријатели и многу повеќе луѓе кои ја изгубиле младоста во Втората светска војна. Приказна и портрет на неколку генерации, за нашите мајки и татковци, кои исто така биле жртви на тоа време.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!