Почетна / Серии / Српско-босанската крими серија „Месо” секој викенд на Алфа

Српско-босанската крими серија „Месо” секој викенд на Алфа

Секоја сабота и недела во 20.10 часот на Алфа телевизија ќе се емитува српско-босанската криминалистичка серија “Месо”, снимена од продукција од Бања Лука во 2017-та година. Поради популарноста на серијата, снимен е и филм со истиот наслов.

Главниот јунак во приказната е Мирко (Игор Ѓорѓевиќ), фудбалер на залезот на својата кариера кој се враќа во родниот град Бања Лука каде ќе го лекува своето повредено колено, по што очекува продолжување на кариерата и фудбалски договор за Словенија. Мирко живее со својата склеротична мајка, интровертниот брат Мичо и посесивната и бремена девојка Марија.

Неговото семејство држи еден локал за скара, чија судбина е неизвесна што поради економската неисплатливост, но и поради плановите на локалните криминалци кои се заинтересирани за плацот на кој се наоѓа локалот. Еден од тие криминалци е Славко (Никола Пејаковиќ), другар на Мирко од младоста, кој се појавува во неговиот животот во моментот кога му е најпотребен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли стоп за репризите на МТМ – повторно „Свет без крај“

Од недела (25 мај 2021) во 20.30 часот, прва скопска МТМ телевизијаја репризира историската мини …

error: Содржината е заштитена!