Почетна / Сапуници / Актерот од „Мерием” и „Сестри” во романтична комедија на Сител

Актерот од „Мерием” и „Сестри” во романтична комедија на Сител

Oд овој викенд на Сител телевизија ќе се емитува нова романтична комедија за нова летна забава и релаксација во овие немирни времиња. “Слатка одмазда” го враќа на малите екрани актерот кој до неодамна го следевме во драмата “Сестри”, а познат и по главната улога во “Мерием”.

Во продолжение прочитајте го синопсисот на “Слатката одмазда”, приказна за една слатка љубов за слатки романтични доживувања.

Пелин е млада и убава девојка, но за жал, несреќна во љубовта. На нејзиниот најсреќен ден, венчавката, оставена е од нејзиниот свршеник и во разочарување и депресија, започнува да се испитува себеси и сопствените грешки од минатото.

Шетајќи низ спомените, сфаќа дека за време на факултетските денови, направила еден грев поради кој веројатно и ден денес отплаќа. Таа тогаш го понижила соученикот Танкут пред сите студенти и сега сака да се искупи за направената грешка. Успева да го пронајде, но сега Танкут не е повеќе истиот дечко од деновите поминати на факултет.

По понижувањето кое му го приредила Пелин, тој го напуштил факултетот, заминал во странство и постанал успешен готвач. Сега, години потоа, тој се враќа во Турција под друго име, Синан. Синан е сега згоден и самоуверен, но никогаш не го заборавил тоа што му го сторила Пелин.

Иако навидум изгледа лесно за простување, сепак тој е подготвен на нешто друго, пред да ѝ прости на Пелин. И тоа друго е одмазда за понижувањето. Одмазда, која за него ќе биде слатка и од која ќе се роди љубов, уште послатка и поголема од желбата за одмазда.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бодрумска приказна“, нова семејна викенд драма на Сител телевизија

Во наредните месеци на телевизија Сител секоја сабота и недела во 21.30 часот ќе се …

error: Содржината е заштитена!