Почетна / Забава / Шокантно | Српската пејачка Теа Таировиќ пееше за бугарско девојче

Шокантно | Српската пејачка Теа Таировиќ пееше за бугарско девојче

Горат социјалните мрежи. На Твитер се појави видео кое ги разочара и разбесни корисниците на социјални мрежи кои го погледнаа скандалозното видео на кралицата на бакшишот.

Имено на настап во Благоевград во Бугарија, Таировиќ ја отпеала „Македонско девојче“, но наместо за македонско, пеела за најубаво бугарско девојче.

Ваквиот гаф на Таировиќ доаѓа во доста емотивен момент за македонскиот народ, а со ваквиот потег, очигледно таа сакала да се додвори на тамошната публика.

Македонско девојче е македонска народна песна на Јонче Христовски компонирана во 1964 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Искуства на бегалци и лица без државјанство во фокусот на „Види, летам!“

Вондерленд театар го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!” – истражување на предизвиците со …

error: Содржината е заштитена!