Почетна / Сапуници / Аси се враќа на Сител во новата турска серија „Дамата со марама“

Аси се враќа на Сител во новата турска серија „Дамата со марама“

 

“Дамата со марама” – нова турска серија на Сител

 

Од понеделник до четврток на Сител телевизија започнува нова турска серија – Дамата со марама, која ќе се емитува веднаш по “Малиот ага”. Серијата крие една љубовна приказна, исполнета со многу интриги, хумор и музика. Во главната улога настапува познатата Аси, а машкиот главен лик ни е познат како главниот лик од “Тешки времиња”, “Север и југ” и “Патот до сонцето”.

 

 

Содржина :

Мурат е млад и успешен музичар, кој по неколку години поминати во странство, се враќа во Истанбул каде се родил и пораснал. Тој е прочуен во музичкиот свет, затоа што компонира музика за најпознатите турски ѕвезди. Еден ден додека го разгледува градот со својот пријател Левент, застануваат на една улична свадба и тогаш ја запознава младата и убава Хасрет, која пее на улицата.

Таа е сиромашна девојка со слободен дух, без влакна на јазикот, која пораснала во едно циганско маало во мала куќичка заедно со татко и Бурхан, браќата Кадир и Озгур и сестрата Ѓулназ. Хасрет е девојка која нема срам од никого, а заработува така што продава цвеќиња на улица и пее во еден бенд.

 

 

Мурат го препознава талентот во нејзиниот глас и се обложува со другарот дека од младата цвеќарка ќе направи вистинска дама и дива во светот на музиката. Овој облог нема да го промени само нејзиниот, туку и неговиот живот. Со цел да го спаси семејството од сиромаштија и нечесни работи, таа ќе го прифати предлогот на Мурат и ќе се пресели во големата куќа. Во куќата, гостинката не е добредојдена од страна на мајката на Мурат, госпоѓата Несрин која не може да прифати дека една бедна девојка ќе живее во нејзиниот луксузен дом и ќе влезе во богатите кругови.

 

И покрај тоа, Хасрет ќе остане да живее во куќата и постепено да учи како треба да се однесува и облекува убаво, да јаде културно и да пее правилно, а додека поминува низ тој процес, Мурат ќе ја запознае другата страна на Турција, а тоа се сиромашните но ведри, весели и спонтани луѓе. Додекa учат еден од друг, двајцата ја откриваат љубовта која се родила и која само од ден на ден расте се’ повеќе и повеќе.

Улоги : Tuba Büyüküstün, Cansel Elçin, Onur Saylak, Günay Karacaoğlu, Ayda Aksel, İlhan Şeşen, Nadir Sarıbacak и др.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!