Почетна / Сапуници / Известување | Турската „Не тагувај по мене“ ставена на пауза

Известување | Турската „Не тагувај по мене“ ставена на пауза

 

Заврши првата сезона на “Не тагувај по мене”

 

Турската серија “Не тагувај по мене” засега е ставена на пауза на Сител телевизија. Во четвртокот беше емитувана последната епизода од првата сезона, а за почетокот на новите епизоди, дополнително ќе ве информираме. Во меѓувреме, Сител телевизија ја започна новата турска серија “Малиот ага”.

 

 

Во новата сезона од серијата за нсреќата и радоста, “Не тагувај по мене” следуваат нови потресни случувања во кои тагата ќе се претвори во радост за некои од ликовите. Тајната љубов на Бахар и Синан ќе излезе на виделина, а тоа ќе ги промени животите на многумина. Дали Нијази и несреќната Буке ќе ги поминат сите препреки и ќе бидат заедно, гледачите ќе дознаат во наредниот период.

 

Во четвртокот заврши и индиската сапуница “Огнови на љубовта”, а на нејзино место во утринскиот термин ќе се емитува индиската “Малечката невеста” со продолжено времетраење.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгответе се – старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо …