Почетна / Телевизија / „Сите наши песни“ од вечерва на МРТ1

„Сите наши песни“ од вечерва на МРТ1

 

Македонската радио телевизија по неколку месечните аудиции започнува со натпреварот на најталентираните вокали во музичко ТВ шоу „Сите наши песни“. Во шоуто ќе земат учество младите интерпретатори аматери  селектирани на големата потрага и аудиција распишана од МРТ во периодот април-мај.

 

 

„Шоуто ‘Сите наши песни’ е проект на Македонската Радио Телевизија за заштита и афирмација на македонската музика. Ова е само еден од начините за зачувување на македонскиот музички израз и едуцирање на младите за богатата музичка историја што ја поседуваме. Тоа е наша обврска и заложба како јавен национален сервис“, изјави Мери Попова, уредник на забавната редакција.

Шоуто во кое ќе се откријат нови македонски музички ѕвезди започнува со натпревар на млади пејачки таленти од 2 града, во секоја емисија, по што следат други два града. Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четврт финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од Македонската музичка сцена.

 

 

Во првата емисија, која се емитува денес во 20:45 часот, веќе добро познатиот термин за забава и релаксација на Македонија, учесниците ќе пеат песни од Александар Џамбазов и Роберт Билбилов,  кои истовремено се и двајцата членови на жирито, додека како трет член на жирито и гостин ќе биде Тамара Тодевска која со Биг Бендот на МРТ ќе ја исполни композицијата „ Залудно е “ од Скопскиот фестивал 2012-та.   

Во првата емисија гласовните способности ги одмеруваат талентите од Прилеп, Наташа Седлоска, Ален Хасановиќ и Анѓела Ѓуричанин, додека пак за општина Тетово,  настапуваат: Марија Зафировска, Миќо Стојчески и Даниел Мерџановски.

Специфично за ова шоу е тоа што е тематски дефинирано односно во секоја емисија ќе се изведуваат најголемите хитови на сите времиња од Македонската забавна музика, во живо со придружба на фантастичниот Биг Бенд.

Домаќини на шоуто се познатите Каролина Петковска и Димитар Атанасовски.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80 години Македонска Радио Телевизија

80 години радио и 60 години телевизија, МРТ слави јубилеј, а гледачите преку програмата „Ризница“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!