На 22.4.2026г. во 20:00ч. во Камерната сала на НУ Филхармонија, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје „Солисти на ФМУ“, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, и поддршка и покровителство од Претседателката на Р. Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и Министерството за култура и туризам на Р. Македонија.

Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр. 3, BWV 1054 од Ј. С. Бах. Програмата на концертот опфаќа дела од Х. Персел, Н. Јомели, Л.В.Бетовен, А. Скрјабин, Ј. Сибелиус и Сергеј Прокофјев, претставувајќи разновиден музички репертоар од барокот до 20 век.
Концертот е со бесплатен влез и претставува можност за пошироката јавност да ужива во висококвалитетни изведби на млади и перспективни музичари.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
