Почетна / Забава / „Рејдиохед“ во џез-верзија со Биг-Бендот на ЗЈМ во Филхармонија

„Рејдиохед“ во џез-верзија со Биг-Бендот на ЗЈМ во Филхармонија

На 30 ноември во големата сала на Филхармонија во 20 часот, Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија, ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“.

Станува збор за маестрален проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот, група која донесе прогресивен, иновативен, моќен звук.
Џез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.

И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл.
Инаку, со овој проект, ЗЏМ ја проширува својата репертоарна политика, ги проширува естетски хоризонти, го збогатува својот музички израз и профил насочувајќи се кон една поинаква звучна патека. Проектот „RADIOHEADJAZZ!“, да се изведат теми од современиот алтернативен рок-бенд и тоа во џез-аранжмани, е навистина силен предизвик за уметниците, но и за публиката, и е оригинална идеја која ќе донесе иновација на нашата сцена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!