Почетна / Сапуници / По Алфа, сега и локалните ТВ ќе ја емтуваат серијата „Хотел Русија“

По Алфа, сега и локалните ТВ ќе ја емтуваат серијата „Хотел Русија“

Секоја сабота во 22 часот на Прва скопска МТМ ќе се емитува руската мини серија во која главната улога му припадна на српскиот актер Иван Босилчиќ, сопруг на пејачката Јелена Томашевиќ. “Хотел Русија” се емитуваше веќе на Алфа тв, а сега и на МТМ, Тера, ТВМ итн. Серијата нè запознава со младата Ксенија, која работи како администратор во познатиот московски хотел.

Оваа дама е одговорна за приемот на гостите, нивно сместување и удобност, а гостите се во главно припадници на советската елита, политички и криминални лидери, како и странци од високи општествени сталежи.

Тој хотел е местото каде се преклопуваат различни политички и меѓународни групи, и каде не може било кој да влезе и излеззе. За да се биде гост во тој хотел, мора да имаш добро општествено влијание, но и многу труд и среќа. Затоа што големи тајни и големи договори се кријат токму таму.

Имајќи предвид дека секојдневно во овој мистериозен хотел се одвиваат борби за власт и преговори, на Ксенија нема да ѝ биде лесно да остане надвор од сето тоа. Во светот на лагите и лицемерието, таа се запознава со младиот Мануел од Никарагва, кој дошол во СССР да купи оружје за да ја преземе власта во својата земја.

Силна страствена врска ги спојува Ксенија и Мануел, чија љубов ќе биде доведена во многу искушенија, но ќе застане и пред тешки одлуки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

error: Содржината е заштитена!