Почетна / Серии / „Сина месечина” летово на Телма – серија за опасни бизниси и заговори

„Сина месечина” летово на Телма – серија за опасни бизниси и заговори

Џастин Лориер, врвена специјалистка за воени експлозиви, се враќа дома од мисија во Авганистан и дознава дека нејзиниот татко загинал во сомнителен несреќен случај. Нејзиниот татко ѝ ги оставил во наследство мнозинскиот пакет акции на неговата приватна паравоена компанија Блу Мун.

Џастин избира да не биде пасивен партнер, туку да ги преземе уздите, предизвикувајќи жестока реакција од преостанатото раководство на овој таинствен бизнис. Наскоро Џастин доаѓа на чело на тврдокорна приватна фирма за обезбедување и специјални воени операции, полна со профитабилни владини договори и бизниси во светот на незаконски активности во име на националната безбедност и државните тајни.

Животот на Џастин штотуку доби неочекуван и многу опасен пресврт од кој таа одбива да се повлече. За кратко време ќе биде вовлечена во заговори и опасности, наспроти возбудливите операции на самата организација.

Ова лето на Телма, канадска серија со 6 номинации. Од понеделник до петок во 20.25 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кошарката живее преку српската серија „Светски прваци” на Алфа

Српска серија која раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, прикажувајќи ја преку повеќе …

error: Содржината е заштитена!