Почетна / Серии / Нова серија од франшизата на „Criminal minds” летово на Сител
Од петок, 5 јули ексклузивно на Сител

Нова серија од франшизата на „Criminal minds” летово на Сител

“Criminal minds: beyond borders” е американска полициска процедурална серија создадена од Ерика Месер, a се емитуваше на CBS од 16 март 2016 година до 17 мај 2017 година.

Серијата е продуцирана од The ​​Mark Gordon Company во соработка со CBS Television Studios и ABC Studios и е спин-оф од оригиналната серија „Криминални умови“, што се емитува на истата мрежа.

Criminal Minds: Beyond Borders го следи елитниот тим од агенти на ФБИ, кој има задача да решава случаи во кои се вклучени американски граѓани на меѓународна почва. Следете ги истрагите на Џек, Клара, Метју и Рас од понеделник до петок на Сител во полноќниот термин.

Криминални умови – преку границите, серија за ноќна доза адреналин и неочекувани криминални разрешници.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарната серија „Планета на ајкулите“ на МРТ 1

Во документарната серија „Планета на ајкулите“ ќе нурнеме во зачудувачкиот воден свет на ајкулите и …

error: Содржината е заштитена!