Почетна / Забава / Брендот „SIGNORI“ ве кани на шестиот Саем на венчавки

Брендот „SIGNORI“ ве кани на шестиот Саем на венчавки

 

Оваа година од 11 до 13 март по шести пат ќе бидеме сведоци на веќе добро познатиот Саем за венчавки кој ќе се одржи во хотел “Александар Палас” во организација на магазинот специјализиран за венчавките, Во Бело. И овој пат на Саемот за венчавки ќе се појават најпознатите македонски брендови со нивните најнови креации кои се надеваме дека ќе им помогнат на идните млади брачни парови да изгледаат единствено и гламурозно за најважниот ден.

 

 

Може да се каже дека за мажите е малку полесно, барем кога станува збор за свадбениот изглед. Се што треба да направите е да го одберете соодветниот костум кој треба да биде беспрекорен и да ви стои како што доликува, а Саемот за венчавки е вистинското место каде што ќе можете да го најдете тоа. Баш поради оваа причина, еден од најценетите македонски брендови кога станува збор за рачно изработени машки костуми, SIGNORI, ве кани од 12 до 13 Март во хотел “Александар Палас” да го посетите нивното катче на Саемот за венчавки каде што ќе бидете дочекани од нивниот љубезен тим од кој ќе може да добиете персонализирана консултација, бидејќи следи период на интезивни свадбени подготовки и секој младоженец треба да изгледа елегантно, да се чуствува пријатно и да ужива во тој посебен ден. Знаеме дека еуфоријата пред свадбата е голема, па затоа обврската да изгледате светски препуштете ја на тимот на SIGNORI.

 

 

Со самото присуство на Саемот како нивни гости не само што ќе се запознаете со нивните костуми, ќе можете да си го подигнете ваучерот од 15 % попуст на сите нивни производи, кој SIGNORI го подарува само еднаш во годината.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …