Почетна / Забава / Се снима филм за Аца Лукас во Скопје и цела екс Југославија

Се снима филм за Аца Лукас во Скопје и цела екс Југославија

Големата регионална ѕвезда Аца Лукас неодана ја изненади својата публика со автобиографската книга „Ова сум јас”, која наиде на фантастични критики.

Со оглед на реакциите на публиката и интригантниот живот на популарниот пејач прикажан во книгата, во соработка со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција, решија да снимаат филм и серија која ќе го носи насловот „Kafana na Balkanu ” – како еден од безвременските хитови на Лукас, а по се изгледа, таков ќе биде и овој филмски проект.

Засега е познато дека режисер на овој проект ќе биде Сузана Пурковиќ, која оствари фантастична соработка со продуцентската куќа „Hype”, а фолкерот ќе го глуми еден од најталентираните актери на помладата генерација Младен Совиљ.

Подготовките се веќе во тек, а како што открива продуцентот Саша Мирковиќ, филмот ќе се снима во неколку градови на поранешна Југославија:

-„Kafana na Balkanu” ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани и со Белград и со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија – вели Мирковиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!