Почетна / Забава / Рената ги освои срцата на романските издавачки куќи
Рената Кралевска - Renata Kralevska

Рената ги освои срцата на романските издавачки куќи

Покрај успесите со минатата прва композиција изведена на англиски јазик “I can take you there” овој пат Рената со нејзиниот менаџмент од Sky Eye Entertainment ги освоија срцата на романските издавачки куќи.

 

Рената Кралевска - Renata Kralevska

Тие во моментов сериозно работат и се пласираат во пошироката јавност како единствен македонски бренд за извоз на оригнална денс музика од Македонија во изведба на Рената Кралевска. Неодамна ја пласираа најновата песна во јавноста со наслов “Time, Time” која премиерно беше емитувана на Антенна 5 и истата го задржа вниманието на слушателите.

„Во моментов сме во преговори со најголемите издавачки куќи од Романија и Англија околу соработка и издавање на најновиот сингл надвор од границите на балканот – додаде продуцентот Зоран Алексиќ.

„Огромно задоволство ни преставува што добивме одлични коментари од врвни музички аналитичари кои ветија дека соработката со нашиот артист Рената ќе биде од обостран интерес. Среќни сме што во Македонија ја добивме поддршката од страна на Антенна 5 и го прифатија нашиот продукт како дел од нивната хитовска плејлиста“ – изјави Алексиќ

 

 

По кусиот разговор кој имавме можност да го направиме со Рената Кралевска таа изјави:

„Подолго време се подготвувавме за да настапиме во интерес на нашата Македонија и квалитетот што го поседуваат Македонците како музичка нација и ширење на музичкиот пазар. Среќна сум што големите продуценти се одзваа на нашата покана за соработка и истите се расположени да соработуваме сега и во иднина. Им се допаѓа она што јас го подговтив и го имам замислено заедно со мојот тим кој неуморно кореспондира со докажаните продуцентски имиња од Европа“.

 

 

 Гоце | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршеток на авалонската година со Џибони и Влатко Стефановски

За да авалонската година заврши како што треба, следува најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI …

Leave a Reply