Почетна / Вебновела / Црвена месечина 119

Црвена месечина 119

Сто и деветнаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Клеменсија посегна по шишенцето апчиња кое стоеше на наткасната. И требаше нешто за да ја смири од сознанието. Се врати назад на фотељата и му даде знак на Фабијан да продолжи.
– Признавам дека погрешив кога му ги побарав парите на Артемио, – рече тој, шетајки лево десно по собата. – Естер ја имаше ставено куќата под хипотека, а она што го имав заштедено не беше доволно. Затоа ветив дека ќе му го продадам земјиштето.
– Земја која не е твоја, – го прекори Клеменсија со дрскост во гласот. – Поради таа земја Артемио ја убил мојата внука Феранда и сакал истото да го повтори со Молина. Зошто? Зошто му е толку значајна хациендата на Артемио Сантибањез?
– Колку што знам, склучил договор со некој американци за исфрлање на токсичен отпад.
– Страшно. Тој човек е монструм. Би можела и него да го убијам сега кога знам дека ја убил Фернанда. Злобник!
– И него?, – збунето ја погледна Фабијан, но Клеменсија не дозволи да останат на темата.
– Кој тогаш го уби дон Фрагосо?
– Секогаш се сомневав во Епигменио, – одговори Фабијан. – Не заборавјте како исчезна брзо по смртта на адвокатот. Исто така мислам дека тој ги има убиено коњите на Марија Клара.
– Но, зарем не ги уби ти тие кутри животни?
– Секако дека не. Јас сум можеби човек без скрупули, но никогаш не би убил кутри животни. Не кога знам колку ги сакаше Марија Клара. Сигурен сум дека тоа беше Епигменио.

Додека месечевата светлост продираше преку завесите во собата, Марија Клара лежеше на градите на Алехандро кој со бакнежи ги бришеше солзите од нејзиното лице.
– Вети ми дека ќе се држиш настрана од Фабијан. Вети ми дека нема да го провоцираш, бидејки тој човек е способен да направи да го загубиш плодот.
– Деновите без тебе ќе бидат долги како вечност.
– Исто и за мене. Затоа те замолувам да се држиш на страна од проблемите. Се плашам дека нешто може да ти се случи.
– Ништо нема да ми се случи. Само врати се. Врати се најбрзо што можеш.
Наместо одговор тој и се заколна до бакнеж. Долг и страсен бакнеж на кој сведок беше самата месечина.
– “Те љубам, Лорена“, – помисли во себе додека ги љубеше меките усни на Марија Клара.
– Секогаш ќе те љубам, – додаде гласно.

Лоренсо го читаше утринскиот весник во кујната на пансионот и пиеше шоља кафе, кога на кратко влезе Матилде.
– Каде е мајка ми?, – го праша.
– Замина по намирници со Крисанта. Кафе?
– Не благодарам.
– Матилде, те молам почекај, – ја повика, откако таа направи чекор кон прагот. – Во доверба, мајка ти ми кажа за проблемите меѓу вас две.
– Она што го има помеѓу тебе и мајка ми е повеќе од доверба.
– Јас сакам да бидам со Висента, Матилде, тоа не е тајна.
– Зошто? За да и се потсмевате?
– Моите намери се искрени. Висента само го чека твоето одобрение за да ме прифати.
– Би се ожениле со мојата мајка?, – изненадено го праша Матилде, гледајки искреност во неговите очи.
– Секако. Ја сакам, искрено ја сакам.
– Не ти верувам, – тврдоглаво рече таа и ја напушти кујната.

Марија Клара со широка насмевка на лицето го пречека пакетот пошта кој го остваи поштарот. Откако потпиша влезе во куќата, каде што се сретна со Клеменсија.
– Што е тоа, ќерко?, – ја праша старицата.
– Книги за бременост и за деца. Ги порачав по пошта.
– Ќерко, сакам да разговараме.
– За она од вчера? Јас не сакам, – дрско одби таа.
– Во ред. Нема да зборуваме за тоа. Како се чуствуваш?
– Лошо.
– Зошто? Те боли нешто?
– Да. Срцето. Душата.
– Не мислев на твојата психичка состојба, туку на телесна. Зарем немаш вртоглавици, гадење?
– Не.
– Тоа не е нормално. Сите трудници минуваат низ таква фраза.
– Јас сум поинаква.

Кога Фабијан го посети Артемио, тоа утро во хотелот, првото прашање кое Артемио му го постави беше дали носи пари, како што беа договорени.
– Не, – одговори Фабијан. – Не сакав да вадам голема сума од банката бидејки сум на пат да направам договор со Клеменсија.
– Мене ми е сеедно за твоите договори со Клеменсија, – дрско го прекори Артемио.
– Епа мене ми се важни. Таа е единствената која може да ја убеди Марија Клара да остане со мене.
– Човекот за кој ти зборував бара аванс.
– Каде се брзаш? Молина замина и само Бог знае кога и дали ќе се врати. Размислував и дојдов до заклучок дека можеби нема потреба да го убиеш.
– Зошто?
– Бидејки мислам дека нема да не пријави, – одговори Фабијан.
– Зошто?
– Поради детето. Моето дете кое го чека Марија Клара.
– Каква врска има тоа?
– Бидејки ни Марија Клара ни Алехандро нема да дозволат таткото на детето да лежи во затвор.
– Зарем мислиш дека ќе биде така?, – цинично го праша Артемио.
– Верувам.
– И да е така, можеби ќе те заштитат тебе, но зошто би ме штителе мене? Состанокот останува за утре во седум Сан Себастијан?
– Зошто дури таму?, – се понуни Фабијан.
– Бидејки така треба. И немој ни да помислиш да ме извисиш, Фабијан. Ова не е игра. Во колку часот можеш да тргнеш?
– Најверојатно кај пет.
– Во ред, – рече Артемио и му ја отвори вратата, давајки му на знаење дека разговорот е завршен. – Се гледаме.
Откако Фабијан го напушти апартманот, Артемио посегна по своето блекбери и заврте еден број.
– Ало, Антолин. Фабијан ќе ја напушти хациендата утре во пет на пладне.

Магнолија разлистуваше стар семеен алмум со фотографии во стакларникот, кога влезе Марија Клара со книгите со себе.
– Си ме барала?, – ја праша својата роднина.
– Сакав да ги гледаме овие стари фотографии заедно. Какви ти се тие книги?
– За трудници и деца.
– Те барав бидејки ми е здодевно, – призна Магнолија. – Сакаш ли да одиме да јаваме?
– Не, друг ден, не се чуствувам добро денес.
– Поради заминувањето на Алехандро?
– Да.
– Марија Клара, никогаш не сум те прашала…Навистина ли со Алехандро го загуби проблемот кој го имаше во кревет со Фабијан?
– Да, зошто ме прашуваш?
– Размислував и дојдов до заклучок дека можеби никогаш не си имала проблем. Дека никогаш не си била фригидна како што велеше Фабијан.
– Што сакаш да кажеш со тоа, Магнолија?
– Дека вината била до Фабијан. Не знаел да те задоволи како што треба.
– Фабијан ме лажеше дека таков е сексот, груб, краток, без задоволство…Откако бев со Алехандро, сфатив дека сексот е најубавото чуство кое може да го почуствува една жена.

Клеменсија и Фабијан го довршуваа разговорот од минатата ноќ.
– Очигледно е дека Артемио ја сака оваа хациенда, оваа земја, но никогаш не дознав зошто, – рече Фабијан, полнејки ја чашката со пијалок.
– Факт е дека ја сака Ла Луна штом е способен да убие за неа, – се надоврза Клеменсија.
– Луѓето како Артемио се навикнати да убиваат по секоја цена.
– Навикнати?! Не ми вели дека Артемио има убиено и други луѓе? Страшно. Но зошто Ла Луна?!
На Клеменсија не и требаше многу време за да ги спои коцките.
– Секако, како не се сетив порано, – рече гласно.
– Што тоа?, – ја праша Фбаијан.
– “Артемио може да го сака само рубинот. Но, како дознал за Црвената месечина?“- се запраша старицата во себе.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!