Почетна / Филм / Романсата ,,Песната на езерото Свеј” во сабота, 17-ти јуни на Телма

Романсата ,,Песната на езерото Свеј” во сабота, 17-ти јуни на Телма

Во режија и продукција на Ари Голд, “Песната на езерото Свеј” е бујна, романтична драма, за исчезнатата благодет на Америка и магијата што ја фрлаат мелодиите на мртвите.

Лето е на Езерото Свеј, поранешно игралиште на њујоршката аристократија од џез-ерата. Музичкиот колекционер Оли Свеј (Рори Калкин) го регрутира својот единствен пријател, за да му помогне да украде ретка плоча од имотот на неговото семејство.

Оли верува дека ова мистериозно музичко дело – снимено на свадбата на неговите баба и дедо, од љубовникот на Кол Портер, го сокрил неговиот татко пред да се самоубие и дека доколку ја најде, тоа ќе му го промени животот. Мисијата на момчињата треба да биде лесна, но доаѓањето на Чарли Свеј (Мери Бет Пеил), менува сè.

Сабота, 17 јуни 2023 година, премиерно на Телма во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!