Почетна / Серии / Полноќ на Сител со адреналин и акција во серијата ,,Полициска крв”
Познат процедурал од CBS - од понеделник до петок на полноќ на Сител

Полноќ на Сител со адреналин и акција во серијата ,,Полициска крв”

Од авторите и продуцентите на познатата криминална драма „Сопранови“, доаѓа „Полициска крв“, возбудлива серија што го следи семејството Реган, чии членови со генерации работеле и сè уште работат во њујоршката полиција.

Главниот лик е началникот на полицијата – Френк, воен ветеран, кој ги користи своите специфични тактики во решавање на различни случаи и предизвици кои претстојат пред сите нив.

Неговиот среден син, исто така полицаец, го загубил животот додека ја извршувал својата должност, оставајќи го Френк да биде заштитник на постариот син и детектив Дени, ќерката и заменик државен обвинител Ерин и најмладиот син и новопечен полицаец Џејми.

Ова полициско семејство во секоја епизода се соочува со киднапирања, грабежи и убиства како дел од случаите кои благодарение на своите вештини, брза акција и знаење, успеваат да ги решат.

Секој работен ден на полноќ бидете со Сител и искусете доза на адреналин и возбуда во полицискиот процедурал “Blue bloods”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега …

error: Содржината е заштитена!