Почетна / Забава / Евровизија / Романија се повлече од Евровизија; Монако и Словачка најавија кам бек

Романија се повлече од Евровизија; Монако и Словачка најавија кам бек

Романија која доби дополнителен период до 25 јануари 2024 да ја плати партиципацијата за учество на Евровизија од 190.000 евра на истиот ден на состанокот на бордот на директори со 5 гласа за, 4 против и 4 воздржани одлучи оваа година да не учествува на Евровизија. Причините се најверојатно критиките на минатогодишниот учесник Theodor Andrei кон јавниот сервис на Романија TVR.

Тој јавно истакна дека тие направиле побавна верзија на неговата песна, а не според неговите барања. Истото се случило и за неговиот настап во Ливерпул каде презентирал свои сет на идеи, но TVR ги одбила сите и направила свој сценски настап кој беше присутен во Ливерпул. Најголемиот шок за него кој сакал со години да учествува на Евровизија и неговиот сон станал кошмар благодарејќи на јавниот сервис е кога сакал да сними видео запис за неговата песна TVR одлучиле дека нема да издвојат буџет за видеото и тој со свој буџет го снимил видеото.

Тука започнува кошмарот кога TVR му забраниле да го објави му се заканиле на него и неговото семејство иако видеото станува успешно, а TVR почнале да се соочуваат со големи критики и тие никогаш не одговориле на овие обвинувања. Годинешното неучество не е образложено, но се претпоставува дека не успеале да се договорат со ниеден музичар за настап на Евровизија и дека токму тоа е причината.

Во меѓувреме Словачка најави враќање на Евровизија во 2025, откако RTVS најави дека за наредната година планираат буџет за Евровизија, како и да поработат на враќањето на популарноста на овој фестивал. Тие истакнаа дека сите соседни земји учествуваат и дека ќе се посветат сериозно на нивното враќање, со средства кои ќе бидат доделени делумно и од буџетот на државата. Словачка е една по понеуспешните земји која не била во финале од 1998 година. По 11 години пауза се враќаат, но 4 пати не успеваат да влезат во финале, и последно учество им е во 2012 година.

Монако имаше големи шанси да се врати на Евровизија 2024, но нивниот нов јавен сервис TVMonaco стана членка на ЕБУ во септември 2023 година, Владата на оваа земја реши да направи јавен сервис исклучиво финансиран од државата, бидејќи до лани нивниот јавен сервис TMC беше во приватна сопственост на француската TF1, во корелација со државата Монако. Глвниот уредник на TVMonaco изјави дека е многу краток периодот за пријавување оваа година, и останува да се пријават наредната година. Монако подолго време најавува враќање на Евровизија, тие до 1979 година се редовни учесници, па по пауза од 24 години во 2004 се враќаат на Евровизија со три учества, но се повлекуваат бидејќи сметаат дека малите земји како нив само со телевотинг немаат шанса да влезат во финалето. И Андора од истите причини се повлече од Евровизија кои од 2004 учествуваа 6 пати досега без влез во финале. Тие оваа година истакнаа дека нивниот јавен сервис RTVA заедно со Владата ќе бараат начин како да се вратат повторно во големото евровизиско семејство. Македонија втора година по ред не учествува на Евровизија, иако сите соседни и блиски земји од регионот учествуваат со исклучок на Бугарија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово официјално побара учество на Евровизија следната година

Генералниот директор на јавниот сервис на Косово, РТК и официјално побара учество на Евровизија 2025. …

error: Содржината е заштитена!