Почетна / Живот / Документарниот филм за чудовишниот Мако во недела на Дискавери

Документарниот филм за чудовишниот Мако во недела на Дискавери

 

“Враќањето на чудовишниот Мако” – оваа сабота на Дискавери

 

Последниот викенд во август не очекуваат премиери на два нови документарни филма. „Враќањето на чудовишниот мако“, ни го открива таинствениот начин на живот на мако ајкулите. Филмот ќе се емитува во недела, на 28 август на каналот на Дискавери во 23 часот.

 

 

Документарниот филм ќе ни открие фасцинантни податоци за овие животни и ќе не потсети на нивната загрозеност во морињата и океаните ширум светот.

Неделата на ајкулите (анг.Shark Week) е телевизиски настан кој на „Дискавери“ се прикажува веќе 28 години. Во продолжение прочитајте што ќе ви прикаже овој документарен филм :

 

 

 

Експертот за ајкули Кејт Пу и морските биолози Мет Ејмејн и Грег Штунц заедно со остатокот од тимот се служат со најмодерната технологија за да го документираат однесувањето на 400 килограми тешката мако ајкула, која рибарите со право ја нарекуваат „величествена”. Кога мако ајкулата ќе достигне 3 метри должина и 400 килограми тежина, доживуваат некој вид на трансформација. Нивното однесување станува таинствено и се свртуваат кон поголеми плен. Ретко се видени се до моментот кога Џо Ромереиро и неговиот тим не скокнат во море во текот на ноќта и се сретнат лице в лице со оваа величествена ајкула.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АЕТМ поддржа отворање на 60 нови е-продавници во Македонија и Албанија

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ одржа бесплатен едукативен и нетворкинг настан за е-трговија, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!