Почетна / Телевизија / Репризи на Алфа „од јутра до сутра“, ќе има ли на есен нешто ново?

Репризи на Алфа „од јутра до сутра“, ќе има ли на есен нешто ново?

Ако цела измината сезона 2018/2019, телевизија Алфа емитуваше премиерна програма, одеднаш ова лето буквално целата програмска шема на телевизијата се сведе на репризи. Дали ова е најава за повторен бран на репризи како што се случуваше неколку години претходно со оваа телевизија, или се работи сепак за летна пауза и од есен ќе гледаме и нови содржини?

Завршија сезоните на македонските дебатни емисии “Во центар” и “Отворено на Алфа”, како и оние на српските шоу програми. Последните сезони од криминалистичките серии “Гомора” и “Долина на волците” не продолжија со емитување, а во моментов не се емитува ни ниедна друга премиерна серија на оваа фреквенција.

Наместо нешто ново од забавна, играна и сериска програма, телевизија Алфа се одлучи летово да прикажува исклучиво репризи на веќе неколкупати емитувани програми. Па така, секој ден во 7 наутро и во 15 часот се репризираат стари изданија на фолк емисијата “Зајди, зајди”, а во 8 и во 14 часот, репризи од кулинарските репортажи на Алачки – “Вкусот на традицијата”.

Хумористичното битолско шоу “Солза и смеа” исто така се репризира два пати во денот, во 12.15 часот и во 17 часот, а во 18.15 часот започнуваат со реприза македонските “Приказни од животот”, работени по примерот на српските играно документарни програми. Како и овие Приказни од животот, така и Комшиските муабети кои одат пред полноќ, се веќе многупати прикажани на ТВ Алфа. Ова лето, ете повторно.

Во 19.15 часот се репризираат емитувани емисии на српските риалити програми Тренутак сна, Радна акција и ДНК, а во 20.15 часот одат веќе прикажани стари југословенски филмови (за викенд во 22 часот). Репризите продолжуваат и во ноќта, па така на местото од крими сериите, од понеделник до петок ќе се емитуваат репризни изданија од некоја мината сезона на квизот “Арена”.

Лето со репризи на Алфа. Ќе видат ли гледачите премиерна програма од есен? Или повторно следуваат репризи на репризите?

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ова се најголемите кавги и тепачки во „Задруга“

“Задруга” очигледно и по завршувањето предизвикува големо внимание. Телевизија Пинк ги објави статистиките кои покажуваат …