Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна 95 и 96

Одмазда – љубов и смртна казна 95 и 96

 

Марија Грација беше уште од зора будна тоа утро. Ги переше алиштата на Антенор во бунарот пред колибата кога слушна звук на моторно возило и ја подигна главата. Од возилото излезе Алисиња и пријде до жената.
– Добро утро, Марија Грација.
– Како сте, госпоѓо? Како се нештата на фазендата?

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 95 – „Тајната на Антенор“

 

Марија Грација беше уште од зора будна тоа утро. Ги переше алиштата на Антенор во бунарот пред колибата кога слушна звук на моторно возило и ја подигна главата. Од возилото излезе Алисиња и пријде до жената.
– Добро утро, Марија Грација.
– Како сте, госпоѓо? Како се нештата на фазендата?
– Секој ден полошо. Не можам повеќе да живеам под ист кров со Фаусто Кастењон. Не можам да престанам да мислам на Кристина, – додаде девојката со влажни очи.
– По она што им го стори на мојата сорела и мојата сестра, размислував и дојдов до заклучок како можам да му вратам со истата мера, – додаде Марија Грација и ја понесе Алисиња во колибата.
Ја отвори фиоката од кујната и извади една здела на чие дно лежеа неколку големи печурки.
– Што е ова?, – збунето праша Алисиња.
– Една од овие отровни печурки може да убие коњ, – додаде Марија Грација.
Ниту една од жените не ни насетуваше дека зад отворената врата на колибата, нивниот рагзовор го преслушкува Кармен. Беше дојдена да донесе тревки за чај за младата Моналиса, кога ненадејно го слушна разговорот, заговорот против Фаусто.
– Сакаш да кажеш дека една од овие може да го убие Фаусто?
– Се што треба да направиш е една од овие печурки да ја исцедиш убаво и да ја измешаш во пијалок. Пијалокот треба да му го дадеш на Господарот. За неколку минути, Фаусто Кастењон ќе ја добие заслужената казна.
Алисиња ја зеде зделата и се насмевна ѓаволесто.

Две чаши со црвено вино стоеа на работната маса во библиотеката кога влезе Фаусто. Алисиња седеше на столот и застана на нозе кога влезе Господарот.
– Прости, Фаусто. Во последно време имавме многу непријатности и сакам да ти се извинам. Сакам да те третирам како што заслужуваш, – рече таа, земајки ги двете чаши в рака.
– Ми се допаѓа што е така, Алисиња.
– Да наздравиме тогаш.
Ја позеде чашата со вино која таа му ја подаде со десната рака.
– Повеќе би сакал да се напијам од другата чаша, – нагло рече Фаусто.
Алисиња почуствува како и се заледува крвта во вените.
– Не те разбирам…
Тој ја грабна девојката за гуша и ја принесе до ѕидот присилувајки ја да ја отвори устата. Алисиња се обидуваше да побегне но секој обид беше залуден. Чуствуваше како го губи воздухот. И ја отвори устата со сила и почна да и сипува по малку од чашата со вино. Алисиња се обидуваше да не голта, но со секоја следна готка беше поголема од претходната. Очите и солзеа додека Фаусто не и го истури целото вино од чашата директно во грлото.

Двајца пеони дотрчаа до колибата на Енцо откако копајки близу реката најдоа стар скелет. Енцо, Антенор и Марија Грација заминаа заедно со пеоните до местото каде што во голема дупка лежеше нечие тело среде патот.
– Кој ли е овој човек?, – се прашуваше еден од пеоните.
– Дали знае некој нешто за ова?, – ги праша Енцо.
– Кутриот христијанин, страшно, – се прекрсти Марија Грација.
– Сигурно го закопале тука на патот за никој да не открие, – додаде другиот пеон.
– Некој мора да знае нешто зошто овој човек е закопан тука, – сомнително рече Енцо.
Антенор ги затвори очите. Во своите сеќавања отпатува назад во минатото. Беше само дете од десетина години кој играјки се крај реката слушна мажи како се расправаат.
– “ Многу пати ти кажав дека немаш што да бараш овде, по ѓаволите!, – старио Ињаки Кастењон му се закануваше на Роберто Анџели.
– Убијте ме ако сакате, газда, но моите деца и децата на моите деца ќе се борат за оваа земја!
– За оваа земја можеш да се бориш само во пеколот, Анџели!, – Ињаки ја имаше вперено ловечката пушка директно во градите на италијанецот.
Малиот Антенор слушна истрел и извика исплашено колку што го држеше гласот.
Дон Ињаки погледна кон мочуриштето и го забележа детето како се крие зад грмушките.
– Што бараш ти тука, Антенор?, – го грабна детето за малиот врат. – Ова што го виде да не си кажал никому! Ако дознам дека некој знае ќе те убијам, јасно?!“

Фаусто ја пушти Алисиња откако се увери дека младата жена го испила целото вино.
– Со Марија Грација мислевте дека мене ќе ме надмудрите?! Сега умирај, проклета! Како се чуствуваш, курво?
Девојката стави два прста во грлото за да поврати. Исповрати црвена маса но се плашеше дека тоа не е доволно.
– Фаусто, Фаусто, те молам повикај го Луис Анжел…, – во паника за својот живот молеше девојката.
Тој излезе од библиотеката. Се упати по скалите на катот и влезе без најава во собата на Лукреција.
– Твојата ќерка се обиде да ме убие, Лукреција!
– Не те разбирам, Фаусто.
– Марија Грација и го затрула умот. Но, Господ е со мене. Затоа ми прати сведок за да ја спречи твојата ќерка да ме докусури.
– Каде е мојата ќерка? Каде е Алисиња сега?

Кога Лукреција дотрча во библиотеката, Алисиња лежеше скупчена на подот. Очите и беа затворени и одвај даваше знаци на живот.
– Алисиња! Алис, ќерко!
Лукреција ја зеде в раце и ја седна на софата. Се обиде да и ги отвори очите, но зениците и беа веќе пропаднати.
– Алисиња, кажи нешто! Кога ја испи таа чаша вино?, – го праша Фаусто кој влезе по неа.
– Пред кратко.
Веднаш во библиотеката дојде и Луис Анжел откако Лукреција попат имаше пратено слугинка по него. Очајната мајка му отстапи место на лекарот.
– Што има испиено?, – праша.
– Сок од отровни печурки кои беа наменети за мене, – одговори Фаусто. – По случајна грешка, таа ја испи чашата.
Луис Анжел ја зеде Алис в раце и ја зинесе од библиотеката.
– Каде ја водиш?, – го праша Лукреција чекорејки зад него.
– Да и го испумпам стомакот. Само така можам да и помогнам.

Набрзо низ целата куќа се прошири вестта за лошата состојба на Алис. Откако лекарот и го испумпа стомакот, ја одведе во собата да одмори. Алис одвај даваше слаби знаци на живот.
– Како е, Луис Анжел?, – загрижен за животот на својата сопруга го праша Анибал.
– Се плашам дека нема уште долго да издржи, Анибал. И го испумпав стомакот а тоа е се што можеме да сториме во ваква состојба.
– Не!не!, – болно извика Лукреција.
Алис испушти воздух како да се задушува. Лукреција извика гласно плашејки се дека дошол судниот час за нејзината ќерка. Луис Анжел и го провери пуслот и зениците кои и беа превртени.
– Што е докторе?, – праша очајната мајка.
– Пулсот и е послаб од секунда во секудна.
– Алисиња, ќерко…Алис те молам издржи! Мила ти се колнам дека уште денес ќе си одиме од оваа фазенда но мораш да издржиш, те молам, ќерко…Алис, те молам отвори ги очите, погледни ме ќерко…
Алисиња почна да трепери грчевито. Од устата и потече пена. Лукреција широко ги ококори зениците.
– Што и е, докторе? Што и е на мојата ќерка?

Антенор ја допуши цигарата и го изгасна пикавецот со десниот чевел. Цело утро собираше храброст да прозбори за тајната која ја носеше со себе уште како дете. Пријде до Енцо кој делкаше едно дрво на плутот и му рече;
– Енцо…Морам да разговарам со тебе.
– Што е, Антенор?
– Телото што го најдовме…на патот.
– Не ми вели дека знаеш чие е?
– Трупот е на татко ти…Роберто Анџели. Дон Ињаки Кастењон го уби.
– Зошто?, – речиси немо праша Енцо.
– Сигурно имале некаков проблем…Но никогаш не дознав кој е.

Со своите две раце Лукреција се обидуваше да и ги отвори очите на својата ќерка. Алис не даваше никакви знаци на живот. Солзите на мајката капеа на нејзиното бело лице.
– Ќерко…Отвори ги тие убави очи, мила. Ќерко, девојче мое, малечка моја те молам не ме оставај. Алисиња те молам…најсакана ќерко, Алисиња…
На страна стоеше Луис Анжел кој ја држеше во прегратка Елиса. Фаусто стоеше на вратата и покрај прозорецот ја забележа Кристина. Онаква каква што ја помнеше. Со широко деколте, навиткана коса, преубава…Гледаше во Алисиња со подадени раце.
– Ќерко, не! Не ми умирај, нее!, – очајно врескаше Лукреција на сиот глас. – Девојче мое, убавице моја, не!

Кога Марија Грација се врати во колибата со корито полно испрани алишта, ја затекна Моналиса на масата. Сакаше да ја замоли да и помогне да ги постилат алиштата на жица кога ја забележа својата ќерка како плаче, па го спушти коритото и пријде до неа.
– Мила, што е сега?
– Не можам повеќе, мамичке.
– Моналиса што се случило?
Моналиса стана од масата и силно ја прегрна саканата мајка.
– Смири се…Не ме плаши, што се случило?
– Мамичке…Госпоѓа Алисиња е на работ да умре. Само што беше Дива и ми кажа дека куќата е во страв.
– Зошто?
– Газдата ја присилил да испие отров.
Марија Грација го прекри своето лице со своите дланки. Боже, каква неправда, помисли.

Анибал се обиде да ја отргне Лукреција од креветот, но беше залудно. Неутешната мајка со двете раце ја имаше прегрнато својата ќерка со желба да не ја остави никогаш. Луис Анжел и го измери пулсот на младата жена и погледна во Анибал. Се беше кажано. Анибал ја прегрна Лукреција за да биде до неа кога ќе и биде соопштена тажната вест.
– Лукреција…, – со суво грло почна младиот лекар.- Алисиња е мртва.
– Неееееееееееее! Ќерко! Ќеркоооо сакана, ќерко, ќерко, не не не…!!!

 

***

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 96 – „Вистината за Акасија“

 

Плач, лелек на неутешната мајка, суви солзи, горчина за прерано згаснатиот живот…На гробиштата во Назаре, фамилијата Кастењон се збогуваше со Алис Санта Марија.
– Би сакал да кажам неколку зборови во сеќавање на Алисиња, – од толпата се издвои Фаусто, додека неговиот син Анибал ја тешеше неутешната мајка. – Господ секогаш не учи дека треба да се простува на оние кои погрешиле. Токму тоа ќе го сторам во овој момент. Душата на Алисиња беше душа опседната од ѓаволот. Нејзините дела ја одведоа во пропаст!
Лукреција се пушти од прегратката на Анибал и како мачка се нафрли на Фаусто. Беше во состојба со нoкти да му ги истера очите, да не беше навреме спречена.
– Семоќен Боже, – додаде Фаусто, кревајки ги рацете кон небото. – Земи ја крај себе оваа грешница. Ти Господе, си единствениот кој може да и прости.
Им даде знак на гробарите да го спуштат сандакот.
Лукреција се фрли пред нив, во желба со двете раце да ја задржи барем уште малку на дневна светлина саканата ќерка.
– Не! Никој да не ја допрел мојата ќерка, не!
Естер направи чекор да ја утеше својата роднина, но Фаусто ја спречи пред да направи било што. Болниот плач на мајката ги допираше срцата на присутните, освен на човекот кој мирно стоеше на страна и гледаше во Антониета.

Марија Грација беше шокирана при сознанието дека Антенор бил сведок на немилосрдното убиство кога Ињаки Кастењон го убил нејзиниот татко.
– Не можам да поверувам, – вртеше со главата кога Енцо и кажа што дознал од нејзиниот маж. – Како можел Антенор да крие нешто толку важно од мене сите овие години?
– Страв, Марија Грација, – Енцо можеше да го разбере, барем се трудеше да влезе во негова кожа. – Дон Ињаки Кастењон му всадил страв уште кога бил дете. Но, зошто? Зошто дон Ињаки Кастењон го убил нашиот татко, Марија Грација? Мораме да дознаеме зошто.

Естер и Лукреција седеа на клацкалката на верандата. Златното сонце полека ги собираше своите краци послани на пампата, додека од страните дуваше свеж маестрал. Од страната на реката допираа неповрзани зборови од песните кои ги пееа жените кои переа.
Седеа така како кога беа мали. Кога седеа една на друга во скут и си ги врзуваа плетенките на своите бујни коси. Лукреција плачеше немо, влажнејки ја црната сатенска кошула.
– Мораш да бидеш силна, Лукреција. Можам да замислам колку силен удар беше ова за тебе.
– Се е моја вина. Никогаш не требаше да ја присилам Алисиња да се омажи за Анибал, никогаш не требаше да дојдеме на оваа проклета фазенда.
– Што добиваш со тоа што се обвинуваш?
– Кога ќе помислам дека никогаш повеќе нема да го видам моето девојче…ми фали многу, многу,многу…Жалам што некогаш не можев да ја разберам. Жалам што никој никогаш не ја разбра.
– Алисиња беше посебна, единствена…, – се надоврза Естер потсетувајки се на својата внука. – Беше слободен дух и јас знам дека таа знаеше дека многу ја сакаше, Лукре.
– Светот не беше подготвен за Алисиња, – воздивна Лукреција, бришејки ги солзите.

Моналиса му подаде мате на Рикардо кога дојде да ја посети во колибата на Енцо. И објасни дека се враќа од погребот на Алисиња и дека дошол да ја види и да ја поздрави.
– Недостасува твоето присуство на фазендата, – и рече гледајки ја во очи.
– Зошто дојде, Рикардо?, – го праша избегнувајки го контактот на нивните очи.
– Ти кажав, сакав да те видам.
– Како си ти? Како стојат нештата на фазендата?
– Тешко. Ми падна тешко да го прифатам она што и се случи на Алисиња. Никогаш не би помислил дека е способна да го убие мојот татко.
– Замисли како ли се чуствувала кутрата, – воздивна Моналиса.
– Јас не знам што да мислам, Моналиса. Животот на Темпестад се претвори во пекол.
– Штета што татко ти не мисли така.
– Со секој изминат ден, татко ме разочарува повеќе, – отворено и призна момчето. – Но, сепак немам смелост да му се спротиставам, да му го завртам грбот. Моналиса, потребна си ми, – рече тој барајки ја нејзината рака. – Не сакам да ми бидеш лута и да бидеш далеку од мене.
Таа ја повлече својата рака, давајки му до знаење дека премногу е рано за да бидат заедно.

Фаусто седеше на тремот. Беше скоро помината полноќ а црвената месечина го фрлаше својот превез низ пампата. Куќата спиеше, а до него допираше само песната на веселите штурци.
– Никогаш нема да се ослободиш од мене, – одеднаш до него допре женски глас. Немаше потреба да се заврти. И во бунило можеше добро да го препознае тој глас.
– Остави ме на мир, проклета жено.
– Твојоата злоба, твоето црно семе, твојот пекол ќе направи пустош на фазендата Фаусто Кастењон. Ќе дојде ден кога ќе останеш сам.
– Остави ми на мир, Антониета, – речиси гласно извика тој прекривајки ги своите уши.
– Погледни, – додаде жената покажувајки кон вратата. Една црна сенка крадешкум ја напушташе фазендата. – Твојата жена што прави кога мисли дека ти спиеш.
Навистина, што ли прави Естер во оваа доба, облечена во црно со качулка на главата, се запраша Фаусто и стана од клацкалката. Жената во црнина се упати кон шталата со коњи, а тој по неа. Го зеде црниот пастув кој ја препозна својата господарка. Одјаваа во ноќта кон шумата, осветлени од сјајот на месечината.
Фаусто не можеше да остане само на сомнеж. Зеде друг коњ и одјава во истиот правец.
Антониета остана да стои на тремот, подло смешкајки се.

Небото беше полно со ѕвезди. Беше премногу жешка ноќ за зпиење, па Енцо се испружи на платнетата лежалка која беше врзана помеѓу две стебла пред колибата. Одеднаш, свеж поветрец ја разбушаве неговата руса коса. Слушна топот на коњски потковици како полека се доближува до него. Стана од лежалката и во мракот забележа како таа слегува од коњ. Му приоѓаше споро, со намсевка на лицето.
– Што бараш ти тука?, – ја праша.- Што значи ова?
Додека гледаше во црната сенка пред себе, слушна врева. Фаусто слезе од својот коњ и во два чекори од зад грб ја грабна жената. Енцо изрипа да ја заштити, но додека Фаусто со едната рака ја држеше жената во црно со другата рака извади пиштол и го впери во Енцо.
– На земја!, – му нареди. – Значи ова е фамозната Акасија! Жената привидение која облечена во црно, ноќе јава црн пастув и спие со мажи како една обична курва…Мојата жена, – бесот во неговиот глас немаше милост. Ја грабна жената за качулката и ја извади од нејзиното лице. Не можеше да се помири од шокот. Онаа која се криеше зад качулката не беше неговата сопруга како што веруваше до пред малку, беше неговата ќерка.
– Елиса! Ти?
Фаусто не беше единствениот изненаден. Ниту Енцо не можеше да поверува. Акасија е Елиса Кастењон. Девојката го загуби тлото под нозете од преголема возбуда и се онесвести во рацете на својот татко.

Девојката беше без свест целиот пат од колибата до фазендата. Кога Фаусто ја доведе својата ќерка дома и ја смести на удобната бела постела во нејзината соба го повика младиот лекар Луис Анжел да ја прегледа. Откако и принесе миризлива сол над устата, Елиса се врати при себе. Фаусто одново го завладеа бесот.
– Не е ништо сериозно, дон Фаусто, – го тешеше лекарот. – Сигурно и се слошило од спраниот воздух. Кутрата, имаше тежок ден со смртта на Алисиња. Ќе одам да и донесам пилула да може да спие подобро.
Луис Анжел излезе од просторијата. Елиса немаше храброст да погледне во својот татко. Молк. Долг молк и многу неодговорени прашања.
– Кутрата, – Фаусто го слушна повторно гласот на домарката зад себе. – Каде ли одела среде ноќ?
Во собата дотрча Естер. Слушна врева во коридорот претходно и кога слушна дека се работи за нејзината ќерка, само ја наметна наметката преку себе и дотрча најбрзо што можеше.
– Ќерко моја! Како си мила?
Немаше одговор. Само молк.
– Што било со Елиса, Фаусто?, – го праша својот сопруг кој како кип стоеше настрана.
– Ти не си родила девојче, Естер. Си родила курва. Твојата ќерка и Акасија се иста личност!

Марија Грација го наметна плетениот елек преку ноќницата и излезе пред колибата откако имаше слушнато врева. Срцето и дојде на место кога го забележа својот брат жив и здрав покрај бунарот, како го плакне своето лице.
– Енцо, фратело мио?! Слушнав врева и помсилив дека дон Фаусто дошол по нас! Дали си добро?
– Добро сум, Марија, – со отсутни мисли и одговори тој.
– Но, тоа што го слушнав не беше сон. Те молам кажи ми кој беше во оваа доба од ноќта, брате?
– Беше Елиса. Елиса Кастењон е Акасија.
Жената ги собра веѓите.
– Не можам да поверувам. Мадона миа, не можам да поверувам.
– Акасија ме направи свој онаа ноќ. Знаеш, си ми го видела жигот на десната рака.
– Како не си можел да знаеш дека е таа, Енцо?
– Никогаш не и го видов ликот, Марија Грација.
– Сега повеќе нема сомнеж…Фаусто ќе те убие. Овој пат навистина ќе те убие.

Восокот од жолтите свеќи се топеше преку сребрените свеќници, додека Фаусто клечеше пред олтарот во капелата во ниедна доба од ноќта.
– Семоќен оче, покажи ми го правиот пат. Кажи ми како да продолжам. Што да правам со мојата ќерка? Како да ја исчистам од гревот? Елиса мора да се прочисти и да плати за своите гревови. Мора да го остави зад себе својот грешен живот. Оче мој, дај ми ја твојата безмерна милост. Осветли ме. Извади ме од овој кошмар. Те молам, оче. Свети оче. Помогни ми.

Веќе следното утро целата куќа знаеше за Елиса. Нејзините браќа беа бесни. Не можеа да разберат како може нивната нежна и повлечена сестра да биде иста личност со легендата за која говореа во селото, Акасија. Иако, сега нештата повеќе имаа смисла. Акасија никогаш немаше нападнато ниту еден член од фамилијата Кастењон.
– Не можам да поверувам дека Елиса е Акасија, – Лукреција вртеше со главата, додека и принесе чај на Естер, која како да беше нема.
– Се плашам од реакцијата на Фаусто. Ја изнесе од дома предмалку и не знам каде ја одведе. Се плашам дека е способен да ја убие, кутрата.
– Не богохули, мајко, – ја прекори Анибал. – Елиса е добро, татко никогаш не би ја повредил.
Во слаонот влезе Фаусто чекорејки со своите тешки чизми по дрвениот под. Естер ја остави шољата со чај и пријде до него прашувајки го каде ја одвел нивната ќерка.
– Елиса е на безбдено. Ја затворив онаму каде што нема да може да направи лудост.
– Морам да ја видам, морам да зборувам со неа, – инсистираше Естер.
– Не мислиш дека е малку доцна за тоа, Естер? Елиса е таква бидејки ти не знаеше како да ја истераш на прав пат.
– Татко, – извика Анибал застанувајки на страната на својата мајка.- Не е време ни место да бараме виновници. Освен тоа, сметам дека во овој момент Елиса треба најмалку да биде сама.
– Ти не знаеш повеќе од мене Анибал. Елиса не знае ни што прави ни со кого прави.
– Дон Фаусто, ако ми дозволите…
– Никој не го побара твоето мислење, Луис Анжел!
– Татко, Луис Анжел е лекар, – се замеше и Рикардо. – Ако некој може да и помогне тоа е тој.
– Не сакам ничија помош ниту совети. Дојдов да ве известам дека во иднина никој не смее да и пријде на Елиса, – додаде Фаусто и го напушти салонот.
Веднаш по него појде Луис Анжел. Како човек кој имаше чуства за таа девојка, не можеше да дозволи Фаусто да си тера по свое. Ако имаше и мала надеж дека може да го вразуми, вредеше да се обиде.
– Дон Фаусто, Ве молам, не е време да ја оставате сама.
– Никој нема да ми кажува како да ја третирам мојата ќерка, Луис Анжел!
– Ве молам, дозволете ми да ја одведам во Рио, овде не можам да сторам ништо за неа.
– Има само еден начин да и помогнеме.
– Кажете кој?, – праша Луис Анжел, подготвен да стори се за Елиса.
– Ќе мораш што поскоро да се ожениш со неа, – беше прецизен Фаусто.
– Тоа нема да реши ништо, – воздивна Луис Анжел, размислувајки рационално.
– Ако сакаш да и помогнеш на мојата ќерка, тогаш ќе мораш да се ожениш за неа!
– Во ред, но само ако ми довозлите да ја одведам во Рио веднаш по бракот.
– Во никој случај, – жестоко одби Фаусто. – Елиса ќе остане тука на Темпестад со својата фамилија и ти заедно со неа. Нели си вљубен во мојата ќерка?

Елиса беше затворена во најодалечената одаја на фазендата, онаму од каде што во ниту еден коридор не можеше да се чуе нејзиниот плач ниту вресок, онаму каде што дури и слугинките доаѓаат само еднаш во месецот за да исчистат. Откако Фаусто доби ветување од младиот лекар дека ќе ја ожени неговата ќерка, Господарот се смилува и му го даде клучот од одајата каде што беше затворена неговата ќерка. Малата светлина која дојде од вратата го осветли измаченото лице на девојката која лежеше на постелата згрчено.
– Елиса…
– Оди си, Луис Анжел, не сакам никој. Не ми е потребна твојата жалба ниту разбирање. Оди си и остави ме сама.
– Жалам, но инсистирав да го добијам клучот бидејки сакав да те видам, Елиса. И не е од сожалување. Зарем не сфаќаш колку ми значиш?
– Зарем сега не ме презираш? По сознанието со колку мажи сум…
Тој ја затвори нејзината уста со врвот на своите прсти, не дозволувајки и да зборува за она што ја болеше.
– Знам дека не си го правела тоа само од чиста желба. Сакам да ја знам вистината зошто?
– Кога би знаела и јас зошто?, – одговори таа со пелин во гласот.
– Секако дека можеш, Елиса. Знам дека една почитувана госпоѓица како тебе не случајно се маскирала во ноќта за да биде со странци.
– Како ќе се појавам повторно пред очите на мојата фамилија?, – созлите сами течеа по нејзиното лице. – Пред моите браќа, мојот татко…сигурно ме презираат…и заслужувам…јас сум курва која го извалка семејното име…
– Не, Елиса! Ти си храбра жена која знае да се покае и се кае за она што го сторила. Знаеш дека тоа било грешно и свесна си за последиците.
– Помогни ми, Луис Анжел, те молам…
– Затоа и сум тука, љубена, – воздивна тој земајки ја нејзината рака.
– Се плашам, Луис Анжел…
– Од што, животе мој? Зборувај ми за своите стравови…знаеш дека можеш се да ми кажеш.
– Добро…Сакаш да знаеш зошто се маскирав во црно и се претставував како Акасија, оставјки им лузни на мажите во селото? Сигурен ли си дека сакаш да ја знаеш вистината, Луис Анжел?
Тој кимна потврдно со главата.
Девојката уште повеќе се згрчи. За прв пат во животот имаше некој од доверба на кој можеше да му се довери.
– Имав седум години…Помнам како да беше вчера. Беше една ноќ која ми го означи животот засекогаш. Беше мрак, во мојата соба…Влезе и ми рече дека сум најубавиот цвет на фазендата. Ме натера да се заколнам пред библијата дека не треба никому да кажам…Тој човек, таа вечер…ми ја зема невиноста, Луис Анжел. Бев само девојче…
Луис Анжел ја прегриза усната за да не го изрази бесот. Секогаш ги презираше таквите монструми.
– Знаеш ли….кој беше тој човек?
Елиса потврдно кимна со главата.
– Ме допираше и воопшто не уживав…ме болеше како некој да ми ја расекува утробата…
– Кој беше тој човек?
– Мојот дедо, – на крајот призна девојката, плачејки гласно.

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …