Почетна / Сапуници / 1 ТВ со реприза на серијата за руската царица „Екатерина Велика“

1 ТВ со реприза на серијата за руската царица „Екатерина Велика“

Oд понеделник до петок во 21 часот на 1 ТВ ќе се репризира “Екатерина Велика”, раскошна и возбудлива серија на руската продукција за една од најзначајните жени во европската историја во 18. век. Во продолжение ве потсетуваме на приказната за Екатерина која досега два пати се емитираше на оваа фреквенција :

Во средиштето на приказната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез чии родители се подготуваат да ја пратат во Русија како би станала невеста во царскиот дворец, желба на тогашната Царица која сака да го ожени нејзиниот внук.
Така започнува авантурата на младата девојка, која доаѓа во Русија и во новиот дом ќе наиде на голем отпор откако станува сопруга на рускиот цар Петар Трети Романов.

Но, нејзиниот сопруг повеќе го интересираат воените игри отколку жените, па неговиот ладен однос и бес предизвикуваат осаменост кај невестата која започнува да тежнее кон моќ и власт во големото царство. Девојката за да ги придобие сите во царството и особено нејзиниот маж, решава да го научи рускиот јазик, да ја прифати руската култура, да ја прифати православната вера и на тој начин да го промени името во Екатерина.

Од сиромашна и млада девојка полна со сила и соништа станува студена и безмилосна жена која ќе гази се’ пред себе за да опстои во царството. Станува најголемата господарка во светот, станува жена која ќе ги освојува земјите и срцата, ќе ги гуши буните и ќе одржува врски со најистакнатите европски мислители. На тој начин, таа ќе стане Екатерина Велика. Следува златното доба на руското царство, време на Екатерина Велика. Жена која станува царица, и чија моќ ќе ги заситува машките апетити и ќе ги воведе најзначајните реформи во руската историја.

Улоги : Yuliya Snigir, Natalia Surkova, Pavel Derevyanko, Sergey Shakurov, Ilya Noskov, Pavel Trubiner

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!