Почетна / Филм / Крими комедија „Killer Jo“ и СФ трилер „Knowing“ овој викенд на Сител

Крими комедија „Killer Jo“ и СФ трилер „Knowing“ овој викенд на Сител

Филмски хитови премиерно на Сител секоја сабота и недела во прајмтајм, веднаш по летната комедија “Наследници”. Во 21 часот секој викенд следуваат различни жанрови, а во продолжение дознајте кои филмски наслови следуваат овој викенд :

Оваа сабота (13 јули) го гледаме Метју МекКонахи во крими комедијата “Убиецот Џо” (2011), базирана на театарска претстава. Возбудлива приказна за еден смртоносен сериски убиец и наивен дечко кој ги ангажира неговите услуги. Притиснат да го исплати долгот кон дилерот, младиот нарко дилер Крис во очај, ќе се обрати за помош кај “Убиецот Џо”. Но, Џо има посебен услов и посебна тактика за наплата, а пак Крис има опасен план како да ја убие мајка му и да ги земе парите од нејзиното осигурување.

Во недела, пак во истиот термин следи научнофантастичниот трилер “Пророштва” (2009 година). Кога еден професор по астрофизика ќе ги проучи броевите од кодираниот документ скриен во една капсула, ќе заклучи дека пораката содржи точни датуми, броеви на погинати и координати на сите големи несреќи последните 50 години.

Споредувајќи ги датумите, тој ќе предвиди и ќе се обиде да спречи три големи катастрофи кои допрва треба да се случат. Николас Кејџ во уште една сјајна улога во филм на Алекс Пројас.

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култниот филмски серијал „Тесна кожа“ за викенд смеа на Сител

Никогаш доста за југословенскиот хумор кој судејќи по бројките на гледаност е еден од омилените …