Почетна / Серии / Третата сезона на „Стрела“ по четврт пат на Телма телевизија

Третата сезона на „Стрела“ по четврт пат на Телма телевизија

 

“Arrow 3” со уште една реприза на Телма

 

Од понеделник до петок во 14.30 часот, повторно на Телма уште една реприза на третата сезона од “Стрела”. Очигледно нови сезони на популарните американски серии или евентуално нови хит американски серии тешко да ќе гледаме на Телма оваа сезона, но затоа тука се репризите – Сплетки, Пријатели, Разоткривање, Пекол на тркала и по којзнае кој пат Стрела. Во продолжение повторно ве потсетуваме на приказната :

 

 

После силниот бродолом, милионерот и плејбој Оливер Квин беше исчезнат и претпоставуван за мртов пет години пред да биде откриен жив на далечен остров на Пацификот. Кога тој се враќа дома во Старлинг, неговата верна мајка Моира, сакана сестра Теа, и неговиот најдобар пријател Томи му посакуваат добредојде, но тие чувствуваат дека Оливер е променет од неговото тешко искушение на островот.

 

 

Додека Оливер ја крие вистината за човекот кој што тој сака да стане, тој очајно сака да направи измени за акциите кои што ги превземал кога тој беше момче. Особено тој бара помирување со својата поранешна девојка Лорел Ленс. Оливер се поврзува повторно со своите најблиски, и тајно ја содава личност Стрела – одмаздник, кој сака да ги исправи неправдите создадени на неговото семејство, да се бори со злото на општеството, и да го врати градот Старлинг на своја поранешна слава.

 

 

Преку ден, Оливер ја игра улогата на богат, безгрижен човек кој внимателно ја крие тајната на својот идентитет под закрилата на темнината. Како и да е, таткото на Лорел, детективот Квентин Лонс, е решен да го уапси одмаздникот кој оперира во неговиот град.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Петок, сабота и недела по 23 часот, МТВ 1 ќе репризира уште еден полициски процедурал. …