Почетна / Живот / Промоција на „Метрички карван: Гевгелија – Штип“ во Гевгелија

Промоција на „Метрички карван: Гевгелија – Штип“ во Гевгелија

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија во петок (27.12) во 18:30 часот во Градскиот театар во овој град беше оддржана промоција на 6. издание на збирката „Метрички карван“.
Во фокусот на овогодишното издание беа дела од поети од градовите и околината на Гевгелија и Штип: Васил Тоциновски, Жаклина Атанасова, Јосип Коцев, Димитар Арнаудов, Петар Јанчев, Моника Игевска Ризова, Лилјана Пецова – Илиеска, Катерина Гогова, Олгица Ќурчиева, Стефчо Стефанов, Михаил Ренџов, Благој Самоников, Димо Димчев, Марија Воденска, Мери Николова, Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Стојан Тарапуза, Славица Динушева, Марија Емилија Кукубајска и Павлина Атанасова.

Во воведот кон изданието е изнесена пораката:
Овогодишното издание на „Метрички карван“ уште еднаш предзначува различни литерарни сензибилитети и пројави, овојпат проникнати и развеани низ Гевгелија и Штип, градови-наследници на легендарните Гортинија и Астибо, геостратешки точки уште од древна Пајонија и Македонија под Александар I. Развојот на македонската поезија во втората половина на минатиот век се чини незамислив без круцијалната и животворна улога на перото на штипјанецот Ацо Шопов, кому му е посветена и ова шесто по ред издание на „Метрички карван“ во издание на ЈОУ Градска библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Патот низ поезијата е долг, можеби трае цела вечност од нас до нашите небиднини, па нека светлината заизворена од стиховите во оваа збирка великодушно го осветлат за нашите души постамено да продолжат да чекорат, трасирајќи го сопствениот неповторлив пат низ лавиринтите врамени меѓу мастилените слова и празнината.“
Уредници на изданието се Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров, а графичкото обликување е дело на Оливера Томиќ. Промотор на стихозбирката беше Соња Стојменска-Елзесер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најново : Тројца нови заразени од Корона вирусот во Македонија!

– Денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти. Утрово се …

error: Содржината е заштитена!