Почетна / Филм / „Land of plenty“, „Gaya“, „Pegasus“ во новогодишното кино на Сител

„Land of plenty“, „Gaya“, „Pegasus“ во новогодишното кино на Сител

По лудата новогодишна вечер која ја приредува телевизија Сител, во новата година следуваат интересни филмски наслови за гледачите. Во 2.30 часот по полноќ ќе се емитува “Land of plenty” (Земја на изобилието) со Мишел Вилијамс и Џон Дил во главните улоги. Низ патувањето на Лана и Пол, ликовите ќе откријат сличности од муслиманскиот свет во Америка и оној во Третиот свет, а девојката ќе мора да се привикне на американската култура која е шок за неа.

Веќе во новогодишното утро, филмска понуда на Сител за најмалите. Запознајте го волшебниот свет на Гаја во “Boo, Zino & the Snurks”, каде што малите суштества ќе тргнат во потрага по украдениот камен со кој треба да се спаси светот.

Авантурата продолжува во 9 часот на 1 јануари со детскиот филм за “Понито со скршено крило”, чии моќи ќе натераат една девојка да ги промени работите. И во утринскиот филмски детски маратон, за крај следува “Saving Christmas”, комедија од 2014та година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!