Почетна / Телевизија / Централниот дневник на ТВ 24 од сега наменет и за глувите лица

Централниот дневник на ТВ 24 од сега наменет и за глувите лица

ТВ 24 воведе новина во својата програма, каде ќе отстапи дел на знаковен јазик наменет за глувите и наглувите лица. Преку озвучување на гласот на тишината, ТВ 24 докажа дека има „слух” за потребите на глувите и наглувите лица.

Дневникот во 20 часот од сега со посебен јазик за тие лица кои имаат посебни потреби. Со оваа новина, околу 6.000 глуви и наглуви лица навремено и целосно ќе добиваат информации од земјата и светот, на нивниот препознатлив знаковен јазик.

На овој начин ќе се унапреди толеранцијата и разбирањето кон глувите и наглувите лица, на што обврзува и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмска шема на Телма за период од 30.01.2021 до 05.02.2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 30.01 2021 – 05.02 2021 САБОТА  30.01.2021 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!