Почетна / Серии / Познатата италијанска серија за мафијата Кaмора стартува на Алфа

Познатата италијанска серија за мафијата Кaмора стартува на Алфа

Нова италијанска криминалистичка серија која е базирана на бестселерот на Роберто Савијано „Гомора“ и се смета за една од најгледаните светски серии продуцирани од кабловски канал. „Гомора“ е приказна за Камора, опасната неаполска криминална организација, раскажана низ очите на 30-годишниот Циро, десната рака на кумот на кланот, Пјетро Савастано.

Циро е верен и самоуверен помошник на дон Пјетро чија верност ќе биде ставена на тест откако ќе треба да превземе клучни работи во мафијата. Ако зад дон Пјетро Савастано стојат многу влијателни луѓе од политичкиот и јавен живот, зад Циро стои самиот дон Пјетро кого го смета за соодветен наследник на работата, имајќи предвид дека синот Џенаро не е подготвен да застане на неговото место.

Еден ден, дон Пјетро Савастано завршува во затвор наместен од страна на конкурентскиот клан Конте, а водењето на кланот Савастано и справувањето со ривалските кланови останува во рацете на неговата жена, Има. Додека најмоќниот и најстрашен шеф на наполската организација е зад решетки, започнува безмислосна војна меѓу Циро и членовите на фамилијата за превласт над Системот во борбата со другите кланови.

Џени се враќа од Хондурас да го превземе фамилијарниот бизнис, но дали Циро ќе го дозволи тоа или е во прашање уште помоќна завера?

Од понеделник (20.05.2019), нова криминална драма која влегува во порите на озогласената неаполската организација Камора. Гомора од понеделник до петок во 22:30 ч.

Gepostet von Alfa Televizija am Freitag, 17. Mai 2019

Интриги, акции и мафијашки игри на опасните улици на Неапол во возбудливата италијанска мафијашка сага – “Гомора”. Улогите ги толкуваат Marco D’Amore, Fortunato Cerlino, Maria Pia Calzone, Salvatore Esposito, Marco Palvetti, Cristina Donadio, Gianfranco Gallo.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиери, државната МТВ со втора реприза на серија

МТВ со реприза и на скандинавската трилер серија “Арн Дал” во 21.30 часот и тоа …