Почетна / Живот / 11-то издание на Фестивалот за кратки филмови BBB – „Contr(u)st“

11-то издание на Фестивалот за кратки филмови BBB – „Contr(u)st“

Balkans Beyond Borders (BBB) го отвора повикот за пријавување на 11-то издание на Фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border. BBB ги мотивира младите режисери да истражат длабоко во социјалниот, економскиот, религиозниот, и секојдневен контраст со цел да најдат (до)верба, (до)верба дека ќе се направи разлика!

Ги покануваме младите режисери да се инспирираат од овогодинешната тема и да ги пратат своите филмови најдоцна до 15-во јуни. Ги прифаќаме сите филмски жанрови (фикција,анимација, експериментални и документарни кратки филмови, како и дигитална уметност) со траење до 30 минути. Во конкуренција ќе влезат филмовите кои ги исполнуваат следните услови а) режисерите се до 35 години, но и над 35 години под услов аплицираниот филм да им е дебитантен б) режисерите се со потекло од Балканска земја и/или филмот е од Балканска продукција и в) аплицираниот филм да е поврзан со темата на овогодинешниот фестивал.

Сите апликации ќе одат прво преку нашиот комитет за пре-селекција кој се состои од млади професионалци од филмската индустрија кои ќе се погрижат за тоа финалистите да ги исполнуваат сите услови за пријавување. Финалниот тим на жири, кој се состои од познати професионалци од филмската индустрија на Балканот ќе го одберат НАЈДОБРИОТ ФИЛМ НА ВВВ, кој ќе добие награда од 1000 евра. Другите награди се ВВВ ПРВ ВЛЕЗ , специјални признанија и ВВВ Награда од публика. – известуваат од BBB.

Филмскиот фестивал на кратки филмови „Balkans Beyond Borders ” е единствениот фестивал кој патува секоја година во различен град и еден од ретките филмски фестивали кои се фокусираат на земјите од Балканот. Придонесува за градењето мостови помеѓу актери, ја подржува интеракцијата на нови генерации на уметници и неколку организации со кои Балканската културна индустрија може да се промовира на Европско ниво. Исто така е уникатен фестивал бидејќи секоја година има различни теми кои инспирираат и отвораат прашања за актуелните проблеми со цел да се зајакне дијалогот и знаењето за регионот.

Од 2010, Фестивалот се има одржано во 10 града (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сарајево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина), со програма од над 380 Балкански и над 200 небалкански филмови. На секој

Повеќе информации за процесот на пријавување: www.balkansbeyondborders.eu Facebook страна (Balkans Beyond Borders) Твитер (BalkansBB) и Инстаграм

Контакт: info@balkansbeyondborders.eu

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор

Книжевната едиција „Европски книжевен мозаик”, во издание на издавачката куќа Магор од Скопје, беше промовирана …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!