Почетна / Телевизија / „Последните Македонци“ со песни и ора во театарот на Наша

„Последните Македонци“ со песни и ора во театарот на Наша

Недела, ден пред Нова година и време за театар на Наша ТВ. Крајот на светот кој според древните Маи требаше да се случи на 22 декември 2012 година, не се случи, но катаклизмата стигна еден народ: сите Македонци, од сите континенти – ги снема. Сите освен шест, кои биле на пикник на планината Алшар и останале живи.

Токму тие тројца мажи и три жени се главните протагонисти во “2012 – Последните Македонци”, која ќе се емитува вечерва (30 декември) во 21 часот на Наша. Режијата е на Сашо Миленковски, а актерската екипа ја сочинуваат Билјана Беличанец, Билјана Драгичевиќ, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов. За аранжманите на музиката е задолжен Венко Серафимов, а за дизајнот – Тихомир Спировски. Во авторската екипа се и Велика Стојкова-Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски и Снежана Балканска.

Оваа комедија се изведува без инструменти, само преку вокална интерпретација и игра за која актерите учеа од музиколози и кореографи од “Танец”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …