Почетна / Серии / Американската верзија на данскиот трилер „The Killing“ на Нова С
Американскиот римејк на скандинавскиот трилер - од 31. март на Нова С на полноќ

Американската верзија на данскиот трилер „The Killing“ на Нова С

Од вторник до петок по полноќ, кабловската Нова С ќе ја емитува американската верзија на познатата данска серија “Убиство”, која ќе може да ја следите со македонски титл на оваа фреквенција.

The Killing” го следи истражувањето на убиството на една млада девојка, при што се создаваат три заеднички испреплетени приказни додека истражувачите трагаат по вистинскиот злосторник. Се работи за криминална серија базирана на данското истоимено оригинално остварување од пред неколку години. Во американската верзија, приказните се расплетуваат низ очите на Сара Линден, посветен детектив во полициското одделение во Сиетл, која на почетокот му е доделена на менторот Стивен Холдер, шеф на одделот за наркотици.

Данската серија била замислена како „мини-серија“, но поради големиот успех на оригинално замислените „единствени“ 12 епизоди, Данците направиле и втора и трета сезона со сосема нова екипа и ново убиство, по што рејтингот масовно започнал да паѓа, поради и самиот пад во квалитетот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!