Почетна / Филм / По веселиот дочек, следува комедија со Ченинг Татум на Сител

По веселиот дочек, следува комедија со Ченинг Татум на Сител

Весел новогодишен дочек во своја продукција ни подготвува најгледаната телевизија Сител, за што и веќе пишувавме. Дочек со чочек, многу бои, фолк ѕвезди и игри. По новогодишната забавна емисија, следува филм на Сител.

Во 2 часот по полноќ, по дочекот на Новата година на Сител ќе се емитува “22 Jump Street” (Проект Џамп улица – 2) со популарните тин ѕвезди Ченинг Татум и Џона Хил. Двајцата полицајци се подготвени за нова тајна задача во оваа урнебесна комедија. Овојпат, нивната мисија ги води на факултет како ќе се обидат да стават крај на таинствениот нарко бос. Но, ќе успеат ли да ја надминат адолесценцијата и да станат вистински мажи кои ќе може да запишат и факултет? Овојпат, и нивното пријателство е ставено на тест.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …