Почетна / Забава / Open air концертот на „Електрични оргазам“ со нова дата во јуни

Open air концертот на „Електрични оргазам“ со нова дата во јуни

Авалон Продукција продолжува со ширење позитивизам во ова време кое е непријатно за сите нас.

Како што ви најавивме, мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните Електрични Оргазам ќе има и нова локација – известуваат од продукцијата.

Па така, славеничкиот концерт на “Оргазам” ќе се одржи на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo.

Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд. Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.

Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концертот на Парни Ваљак во СЦ Јане Сандански презакажан за ноември

Поради одредени реновации кои салата СЦ Јане Сандански ќе ги преземе започнувајќи од 10ти мај, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!